Како да направите волшебен лустер од тетрапак кутии?

Како да направите волшебен лустер од тетрапак кутии?

Малезискиот дизајнер Ед Чу решил да направи еден феноменален еколошки проект: лустер од искористени тетрапак кутии од млеко т.н. „TetraBox lamp“, кои во спротивно би завршиле во депонија. Резултатот од неговата работа е фантастичен, а елегантните картонски лустери изгледаат како да се направени од Сваровски кристали кои формираат импресивни облици на сенки по ѕидовите на собата, какви што формираат диско топките во клубовите. Овој Малезиец ја креирал Тетрабокс ламбата од популарниот малезиски млечен пијалак со додаток на кафе „Dutch lady“, чија амбалажа е во правоаголен облик. Малезијците обожаваат да пијат пијалаци од тетрапак амбалажа.

Како да направите волшебен лустер од тетрапак кутии?Како да направите волшебен лустер од тетрапак кутии?

„Ние, Малезијците, едноставно многу сакаме да си понесуваме со нас пијалаци во тетрапак амбалажи каде и да одиме и никогаш не се загрижуваме за илјадниците кутии кои секојдневно завршуваат во контејнерите и покрај тоа што сме свесни дека депониите во нашата земја ќе „експлодираат“ од премногу ѓубре. Затоа можеби сега е редно време да направиме радикална промена во нашето однесување, така што ќе го направиме овој свет подобро место за живеење. Што се однесува до мене, правам еден мал „зелен“ чекор и помагам да се намали количеството на ѓубре кое оди во депониите“.

Како да направите волшебен лустер од тетрапак кутии?Како да направите волшебен лустер од тетрапак кутии?Како да направите волшебен лустер од тетрапак кутии?

„Замислете што би можеле да постигнеме, доколку секој од нас, празните тетрапак кутии ги претвора во шестоаголници и потоа колективно сите ги поврземе еден со друг? Најверојатно би успеале да изградиме еден павилјон голем колку куќа!“

Како да направите волшебен лустер од тетрапак кутии?Како да направите волшебен лустер од тетрапак кутии?Како да направите волшебен лустер од тетрапак кутии?Како да направите волшебен лустер од тетрапак кутии?Како да направите волшебен лустер од тетрапак кутии?

Изработката на ваквите еко-лустери, Ед Чу ја постигнува на начин, што ги одлепува искористените кутии од млеко, ги сече на ленти и од нив формира петоаголници и шестоаголници, кои потоа се спојуваат за да формираат сферичен или друг посакуван облик, без употреба на лепило.

Како да направите волшебен лустер од тетрапак кутии?Како да направите волшебен лустер од тетрапак кутии?Како да направите волшебен лустер од тетрапак кутии?Како да направите волшебен лустер од тетрапак кутии?

Тој го споделува со светот неговиот млечен дизајнерски рецепт за креирање на еколошката диско топка.

Сферична Тетрабокс ламба

Големина на лустер: 260 мм во дијаметар

Потребен материјал: околу 450 празни тетрапак кутии

Број на потребни шестоаголници: 108 парчиња

Како да направите шестоаголник? – Исечете 6 правоаголни ленти од одлепена тетрапак кутија (130 мм во должина, 21 мм во широчина) за да ги изработите триаголниците и уште 6 помали ленти (76 мм во должина и 19 мм во широчина) за да направите спојници со кои ќе ги поврзете триаголниците меѓусебно.

Број на потребни петоаголници: 12 парчиња

Како да направите петоаголник? – Исечете со ножички 5 правоаголни ленти со димензии 115 мм во должина и 21 мм во широчина и уште 5 додатни ленти со димензии 76 мм во должина и 15 мм во широчина со кои ќе ги споите триаголниците.

Забелешка: Шестоаголните модли можат лесно да се прилагодат и на други дизајнерски варијации на лустери, како оние на фотографиите погоре.

Овој навистина прекрасен еколошки проект на Ед Чу сигурно ве потсетува на деновите во основно училиште, кога изработувавте разни картонски модели на часовите по ОТП. Млеко пиете секој ден, а се ближи и лето, што значи ќе имате повеќе слободно време за одмор и многу испиени сокови во тетрапак кутии за гасење на жедта, па зошто да не ја вклучите вашата креативна страна и да си направите ваква уникатна ламба на која сите гости ќе ù се воодушевуваат? 🙂


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Maja Reply

    Останав без зборови … :))

  2. Veca Reply

    Bravo za Maleziecot , nemam zborovi, treba da se iskoristi se sto moze da ja zastitime planetata zemja

  3. spasoja Reply

    Malzija e edna od retkite zemji koi imaat golem intelektualen potencijal.

Напиши одговор на spasoja Откажи одговор