Губењето милениче е потрагично отколку што мислат повеќето луѓе

Губењето милениче е потрагично отколку што мислат повеќето луѓе

Повеќето луѓе ги гледаат своите миленици како дел од семејството. Тие имаат посебно место во нивните срца, а многубројни истражувања покажале дека миленичето може и да ви го подобри здравјето.

Губењето милениче е потрагично отколку што мислат повеќето луѓе

Едно од најубавите нешта за миленичињата е тоа што тие се верен придружник во свет каде што луѓето стануваат сè поосамени. Овие врски се навистина силни, па сосема природно е да почувствувате вистинска загуба кога вашето милениче ќе умре.

Наводно, во 2017-та година, една жена чие куче умрело искусила „синдром на скршено куче“. Ова е состојба каде што екстремниот емоционален стрес може да предизвика симптоми на инфаркт.

Жалењето за миленичето никогаш не било прифатливо, а повеќето луѓе не го сфаќаат сериозно. Но, сè повеќе луѓе почнуваат да покажуваат почит кон врската помеѓу миленичињата и нивните сопственици.

Во Јапонија, губењето на домашно милениче се сфаќа навистина сериозно. Всушност, во Токио постојат и кафетерии за жалење каде што одат луѓето кои ги изгубиле своите миленици.

Такеши Нибе, претседателот на Dearpet, најголемата јапонска фирма за олтари за миленици, изјавил дека оваа кафетерија ѝ помага на неговата компанија да продаде многу продукти.

„Многу муштерии кои доаѓаат да ги купат потребните работи за олтар кажуваат дека се чувствуваат подобро откако разговараат со вработените за нивната загуба. Но, често разговорите треба да бидат прекинати бидејќи вработените имаат и други муштерии. Па, решивме да отвориме место каде што ќе можат да разговараат.“

Еден маж од Колорадо објавил и детска книга за смртта на куче миленик. Книгата е наречена „Мистеријата за изгубената опашка на Нитро“ (The Mystery of Nitro’s Long Lost Tail). Авторот Даниел Лениг изјавил дека книгата е за куче по име Нитро.

„Книгата започнува со Нитро, кој раскажува за планетата од којашто дошол и за гравитацијата која е различна бидејќи неговата планета е коцка“ , изјавил Даниел.

„И јас се чувствувам добро кога ја читам, бидејќи знам дека им помагам на луѓето кои изгубиле куче.“

Ветеринарот Дени Меквети изјавил дека на некои луѓе им е потешко да се справат со смртта на миленичето, отколку со смртта на член од семејството.

„По умирањето на миленичето, 95% од луѓето на некој начин ми кажуваат дека ова им било потешко од смртта на мајка им или баба им.“

Дознајте и зошто вашето милениче ве прави среќни и здрави.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар