15 безвремени цитати од Абрахам Линколн

15 безвремени цитати од Абрахам Линколн

Многумина сметаат дека Линколн бил можеби најдобриот претседател на Америка. Роден во февруари 1809-та година, Линколн бил второто дете на Томас и Ненси Хенкс Линколн.

15 безвремени цитати од Абрахам Линколн

Во неговата младост, Линколн сфатил дека работењето на фарма не е за него, па решил да му се посвети на образованието. На 4-ти март 1861-ва година, Линколн станал 16-тиот претседател на САД. Тој ги водел неговите луѓе низ граѓанската војна и бил одговорен за мнозинството одлуки на Унијата. Се борел за еднакви права, слобода и демократија, што водело до аболиција на ропството и што го поплочило патот на економијата на САД.

Во 1865-та година бил застрелан и убиен. Во подобри времиња, Линколн го прогласил и Денот на благодарноста за национален празник во САД, а мнозинството луѓе го паметат како храбар маж со силен глас. Во продолжение погледнете дел од неговите најзначајни цитати.

„Луѓето обично се среќни колку што самите ќе одлучат.“

„Власта на луѓето, од луѓето, за луѓето, нема да исчезне од Земјата.“

„Дајте ми 6 часа да исечам дрво, и ќе ги поминам првите четири острејќи ја секирата.“

„Оние кои им ја земаат слободата на другите, не ја заслужуваат за себе.“

„Најдоброто нешто за иднината е тоа што се случува ден по ден.“

„Оние кои го бараат лошото во луѓето, сигурно ќе го најдат.“

„Јас одам бавно, но никогаш не одам назад.“

„Најдобриот начин да ја предвидите вашата иднина е да ја креирате.“

„Денес сум успешен бидејќи имав пријател кој веруваше во мене и немав срце да го разочарам.“

„Карактерот е како дрво а репутацијата е неговата сенка. Сенката е она што мислиме дека е, а дрвото е реалноста.“

„Речиси сите мажи можат да издржат катастрофа, но ако сакате да го тестирате нечиј карактер, дајте му моќ.“

„Има право да критикува оној кој има срце да помогне.“

„Што и да сте, бидете добри во тоа.“

„Кога правам добро, се чувствувам добро. Кога правам лошо, се чувствувам лошо. Тоа е мојата религија.“

„Мојата голема грижа не е дали сте доживеале неуспех, туку дали сте задоволни од вашиот неуспех.“

Прочитајте ги и овие цитати што ќе ви ја вратат вербата во себе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар