7 знаци кои покажуваат дека сте навистина добри во кревет

7 знаци кои покажуваат дека сте навистина добри во кревет

Веројатно досега многу пати се имате прашано дали сте добри во кревет. Понекогаш е тешко да си признаете дека размислувате за тоа, а уште потешко ви е да го прашате партнерот. Поради ова, во продолжение погледнете ги 7-те знаци кои покажуваат дека сте навистина добри во кревет и дека знаете како да го задоволите партнерот.

7 знаци кои покажуваат дека сте навистина добри во кревет

1. Партнерот ве фаќа за рака

Доколку за време на секс вашиот партнер страсно ве фаќа за рака, тоа значи дека му се допаѓа она што се случува. Ова е јасен знак дека сте навистина добри во кревет.

2. Партнерот сака уште

Дали партнерот не може да се засити од вас, па веднаш после сексот сака уште? Тогаш сигурно сте добри во кревет.

3. Партнерот сака да пробувате нови работи

Дали вашиот партнер постојано бара нови положби и трикови? Ова не значи дека сте станале здодевни. Ова значи дека тој се чувствува добро со вас и би сакал да истражува нови работи во сексот. Ова е јасен знак дека партнерот ве гледа како авантурист, што во сексот може да биде навистина важно.

4. После секс, партнерот флертува со вас

Дали после водењето љубов партнерот ви пратил слатка порака? Дали флертува со вас веднаш штом ќе станете од креветот? Тогаш сигурно сте завршиле навистина добра работа.

5. Не може да ги тргне рацете од вас

Дали ви се случува после секс, партнерот да не сака да ве испушти од раце? Ова значи дека сексот навистина го полудел и едноставно не сака да се оддели од вас.

6. Ви кажува колку било добро

Доколку сте одлични во кревет, партнерот сигурно ќе се потруди да ви го даде тоа до знаење. Овој комплимент слободно сфатете го лично.

7. И вие едвај чекате да одите во кревет со партнерот

Се разбира, во сексот треба да уживаат и двајцата партнери. Па доколу и вие постојано мечтаете за секс со партнерот, тоа е јасен знак дека сте сексуално компатибилни и дека вашиот сексуален живот е неверојатен.

Погледнете ги и советите од секс терапевт што ќе ве направат неверојатни љубовници.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар