Терапевт открива: Како да откриете дали сте навистина заљубени или само занесени?

Терапевт открива: Како да откриете дали сте навистина заљубени или само занесени?

Доколку ја прашате вашата мајка како да дознаете дали вистински сакате некој, голема е веројатноста да го чуете стереотипниот одговор, чуен илјадници пати во филмовите: „Едноставно, ќе знаеш“. Секој од нас има гледано безброј романтични комедии, во кои главните карактери зборуваат за огнометите коишто ги чувствуваат во срцето кога се заљубени, а поп ѕвездите низ своите текстови ја објаснуваат опсесијата којашто целосно ги обзема. Но, дали тоа е навистина љубов? Можеби станува збор за занес? Како да откриете дали чувствувате само жестока страст или навистина сте вљубени во некого?

Терапевт открива: Како да откриете дали сте навистина заљубени или само занесени?

Што велат истражувањата за љубовта?

По сè изгледа, сепак постојат начини кои ќе ви помогнат да дознаете дали сте заљубени и не, тоа нема никаква поврзаност со чувствувањето пеперутки во стомакот. Всушност, разни истражувања откриле неколку чести знаци, коишто укажуваат на вистинска заљубеност. Така на пример, во едно истражување од 1995 година, испитаниците изјавиле дека развиле нови интереси и карактерни особини откако влегле во љубовна врска. Во друго истражување, било обелоденето дека заљубувањето може да предизвика да почнеме да манифестираме симптоми слични на оние коишто се јавуваат при анксиозна состојба, како што е на пример прекумерното потење.

Знаци дека можеби сте (не)заљубени

Се разбира, доколку мислите и зборувате за таа личност нонстоп или веќе ја замислувате вашата заедничка иднина, можете да се посомневате дека сте заљубени. Сепак, тие сигнали не секогаш укажуваат дека тоа е вистинското нешто коешто го барате во животот. На крајот на краиштата, возбудата околу вашата нова врска што е присутна на почетокот, може да ја замати вашата способност јасно да видите дали постои вистински потенцијал за долготрајна врска. На пример, можеби сексот е одличен, имате безброј теми на кои можете да разговарате и сè уште не сте ги откриле сите мани, каприци и иритирачки навики на вашиот партнер. Поради тоа, многу е лесно да се излажете себеси дека сте заљубени до уши, а во суштина премногу е рано да се каже тоа.

Терапевт открива: Како да откриете дали сте навистина заљубени или само занесени?

Понекогаш огнот може да се изгаси, а во други случаи да прерасне во нешто навистина посебно. За среќа, според мислењето на лиценцираниот клинички терапевт и основач на LoveVictory.com др. Лесли Бет Виш, постојат начини низ кои можете да процените, дали тоа што го чувствувате е вистинска љубов или не е.

Може да станува збор за вистинска љубов доколку…

Зборот „безбедно“ можеби не ви звучи баш секси или романтично, но вистината е дека чувството на сигурност во врската е еден од најважните фактори коишто треба да ги земете предвид, доколку се обидувате да разграничите дали сте заљубени.

Многу луѓе, сметаат дека возбудата којашто емотивно ги обзема во раната фаза од врската, е знак дека се заљубени. Љубовната молња ве удира и одненадеж, вие се чувствувате како никогаш да нема да ви биде доста од таа личност. Дури и да се надеваме дека таа моќна искра ќе продолжи да постои во некоја форма и во подоцнежните фази од врската, сепак тој занес донекаде ќе слегне. Кога тоа ќе се случи, а бидете сигурни дека ќе се случи, доколку се чувствувате безбедно покрај таа личност добри се шансите дека вие сте можеби вистински заљубени.

„Здравата, трајна љубов си изнаоѓа своја сопствена ‘бродска опрема’ поради која се чувствувате исполнето, среќно, позитивно и сигурно во вашиот избор на партнер. Вие тогаш, дури сте и изненадени колку спокојно се чувствувате. Повеќе не сурфате и скокате преку брановите, туку си шлапкате и си пловите во мирен базен“, објаснува др. Виш.

За да може да се каже дека сте вистински заљубени, вие не треба само да се чувствувате физички, туку и емотивно безбедни покрај партнерот. Тоа значи дека можете слободно да ги изразите вашите мисли и чувства, без страв од негативна реакција. Здравата љубов, доаѓа во комбинација со самодоверба благодарение на која сте свесни дека што и да се случи и без разлика колку лоши работите може да станат, вие тимски ќе се соочите со тие предизвици.

„Вие сте го пронашле најдобриот пријател, на кој можете да му верувате и да се потпрете за што и да треба. Полека откривате дека вие сте одличен тим за решавање на проблеми. Со помош на вашите комплементарни стилови, вие се учите еден со друг како да се подобрувате себеси во секоја смисла на зборот“, продолжува таа.

Дали ова е она вистинското нешто за вас?

Од друга страна, доколку постојано се чувствувате како да сте на раб дека оваа личност може да ве остави, не знаете во кој правец се движи вашата врска или едноставно не можете да бидете искрени со неа, ова неспокојство ќе формира дистанца помеѓу вас, а таа ќе застане на патот до вистинската, долготрајна љубов.

Терапевт открива: Како да откриете дали сте навистина заљубени или само занесени?

Др. Виш препорачува да се запрашате себеси неколку прашања, пред да избрзувате со заклучоци дека сте заљубени:

1. Дали мојот партнер ме разбира и почитува?
2. Дали имам чувство дека треба да им го „објаснувам“ или „бранам“ мојот избор на партнер на другите луѓе?
3. Дали јас ги занемарувам знаците на лошо однесување кај партнерот, само затоа што сакам да бидам со него?
4. Дали јас го оправдувам ова емоционално слепило, велејќи си на себеси: „Никој не е совршен, вклучително и јас“?

Друг начин со чијашто помош можете да дознаете дали сте заљубени или не, според др. Виш, е ако вашиот личен увид во погрешните чекори коишто сте ги правеле во претходните врски, одеднаш стане многу јасен.

„Вие конечно, располагате со потребната внатрешна сила да се соочите со реалноста и да сфатите зошто првично сте ги одбрале, а подоцна и сте раскинале со вашите претходни партнери“, додава таа.

Исто така, луѓето имаат тенденција да чувствуваат огромно сочувство и грижа кога се заљубени во некого. Тоа е толку моќно чувство, што можеби ќе имате некоја надреална способност да ја почувствувате нивната болка и радост, како да се тоа ваши емоции. Доколку почнете да се грижите малку повеќе за вашиот партнер или вложувате напори за да се погрижите за него/неа, во секоја смисла на зборот, тогаш постојат големи шанси да имате наскоро добра причина да ги споделите со таа личност оние двата слатки збора.

Откријте дали не станува збор за љубов, на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар