Како да предвидите врска што ќе трае?

Секоја романса предизвикува слатки емоции. Барем на почетокот. Новата љубов секогаш ве исполнува со чувство на бескрајни можности. Се движите со главата во облаци и со смешен израз на вашето лице. Можеби дури почнавте да размислувате и за имиња за вашите деца. Воопшто не можете ни да помислите дека можеби некогаш ќе ѝ дојде крај на врската.

Како да ја предвидите врската што ќе трае?

Но како и кога може да се каже дали врската ќе трае? Дали има начин да предвидите дали ова е вистинскиот партнер?

Се разбира, ништо во животот не е сигурно. Секоја врска е динамично битие кое расте и се менува заедно со парот. Но постојат знаци, коишто дури и на првиот состанок можат да ви покажат како ќе се одвиваат нештата.

Ако обрнете внимание и ја слушате вашата интуиција, ќе можете доста точно да ја предвидите иднината на вашата љубов. Кога ќе сретнете некој нов и значаен, забележете ги вашите чувства, интеракции и реакции. Тие можат да бидат мапата до вистинската љубов.

Знаци дека станува збор за привремена врска:

1. Партнерот редовно ве навредува.

2. За време на здодевната тишина сте забележале дека го гледате часовникот, вратата или размислувате што треба да правите утре.

3. Кога мечтаете за вашиот партнер, се фокусирате на физичките аспекти наместо на карактерот и на важните особини.

4. Или партнерот навистина сака да зборува за себе, или е заинтересиран за вас, но кажува премалку за себе.

5. Кога помислувате на партнерот, на ум ви доаѓаат само зборови како секси, амбициозен или комплициран.

Знаци дека станува збор за нешто што ќе трае:

1. Вашиот партнер е заинтересиран за вас, но споделува и нешта за него.

2. Сте се запознале преку заеднички пријател или вашата врска започнала по долго пријателство.

3. По првиот состанок сте биле навистина радосни кога се добиле порака за уште еден состанок.

4. Тишината помеѓу вас е удобна, а не непријатна.

5. Кога помислувате на партнерот на ум ви доаѓаат зборови како нежен, смешен или најдобар пријател.

Знаци дека ви е судено да бидете заедно:

1. Се чувствувате како долго да се знаете, можеби од некој друг живот.

2. Партнерот ве разбира интуитивно. Нема потреба да ги објаснувате вашите чувства или потреби.

3. Партнерот е овде за вашите успеси, но и за несреќите и за неуспесите.

4. Партнерот ги поддржува вашите долгорочни цели и се надева за иднината.

5. Партерот ве предизвикува да станете подобра, пореална верзија од себе.

Погледнете ги и фазите низ кои мора да помине секоја успешна врска.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар