25 неверојатни екстреми на Земјата

Кога станува збор за планетите, Земјата е релативно умерена во однос на климата и географијата. Но, и нашата планета има многу изненадувачки екстремни места. Многу од овие места се ненаселиви или целосно недостапни за луѓето. Погледнете некои од најневеројатните.

25 неверојатни екстреми на Земјата

1. Најтоплото населено место: Далол, Етиопија

Со просечна дневна температура од 34,4 степени Целзиусови, не е ни чудно што ова место во последно време е град на духови.

2. Најдлабока пештера: Пештерата Крубера

Откриена во Абказија, оваа пештера е единствена позната на Земјата што е подлабока од 2.000 метри.

3. Највисока точка: Монт Еверест

Освоен од речиси 3.000 планинари, овој врв се издига на височина од 8.848 метри над морето.

4. Најоддалечена точка од центарот на Земјата: Чимборазо, Еквадор

Иако врвот на Монт Еверест е највисоката точка над нивото на морето, поради нерамнините и ротацијата, врвот Чимборазо е најоддалечен од центарот на Земјата.

5. Најосамен остров: Островот Бувет

Овој мал ненаселен норвешки остров во Јужниот Атлантски Океан е оддалечен речиси 1.610 километри од Антарктикот и речиси 2.400 километри од Јужна Африка.

25 неверојатни екстреми на Земјата

6. Најоддалечената континентална точка: Недостижната точка на Антарктикот

Ова е точка на континентот што е најоддалечена од кој било океан. Од седумте континенти, Антарктикот е најосамен.

7. Најрамното место: Салар де Ујуни, Боливија

Формирана од неколку пресушени езера, најголемата рамна површина сол изнесува цели 10.582 километри квадратни.

8. Највисокото езеро: Езерото Титикака

На висина од 3.812 метри, ова езеро на границата на Перу и Боливија е и најголемо во Јужна Америка.

9. Најниска точка на копно: Брегот на Мртвото Море

Оваа точка се наоѓа на 418 метри под нивото на морето и ги дели Израел, Јордан и Западниот Брег.

10. Најдолгиот планински венец: Андите, Јужна Америка

Овој планински венец се протега на речиси 8.000 километри, низ 7 американски држави.

25 неверојатни екстреми на Земјата

11. Најдлабока вештачка дупка: Супер дупката Кола

Целта на руските научници им била да копаат додека не можат да копаат повеќе и стигнале на длабочина од 12.262 метри.

12. Најврнежливо место: Чоко, Колумбија

Во овој регион во Колумбија врнат 11.770 центиметри дожд годишно.

13. Најсуво место: Пустината Атакама, Чиле

Овде е толку суво што помеѓу октомври 1903-та и јануари 1918-та година не паднала ниту една капка дожд. Ова е најдолгиот период без дожд што е забележан.

14. Најнаселена државата што не излегува на море: Етиопија

Овде живеат над 70 милиони луѓе без брег.

15. Најголем вертикален пад: Планината Тор, Канада

Со височина од 1.250 метри и просечен агол од 105 степени, оваа планина е омилена помеѓу планинарите.

25 неверојатни екстреми на Земјата

16. Најстудено населено место: Ојмјакон, Русија

Во овој град со 400 жители, температурите се под нулата 7 месеци во годината.

17. Најветровито место: Заливот Комонвелт, Антарктик

Со ветрови кои редовно надминуваат и 240 километри на час, ова е најветровитото место на Земјата.

18. Највисок водопад: Водопадот Ејнџел, Венецуела

Водопадот е толку висок што водата испарува пред да стигне до Земјата. Висината на водопадот е 978 метри.

19. Највисок планински премин: Марсимик Ла, Индија

Овој пат на височина од 5.582 метри се смета за највисокиот прооден пат во светот.

20. Најголемо езеро со слатка вода: Горно Езеро (Супериор)

Ова езеро се наоѓа помеѓу САД и Канада и има површина од 82.400 километри квадратни.

25 неверојатни екстреми на Земјата

21. Најдолг брег: Канада

Брегот на Канада е долг 243.000 километри и ќе ви бидат потребни 33 години да го изодите ако секојдневно минувате по 19 километри.

22. Најголема клисура: Големиот Кањон, САД

Со должина од над 350 километри и длабочина над 1,5 километри, најголемата клисура е дело на реката Колорадо.

23. Најдолг глечер: Ламберт-Фишер, Антарктик

Најдолгиот глечер во светот се протега на растојание од над 160 километри.

24. Најкратката река: Реката Рое, Монтана

Никој не прашува за најкратката река на светот, но денес ќе научите и за неа. Реката Рое има должина од само 60 метри и е именувана како најкратка река на светот од Гинисовата книга на рекорди.

25. Најниска точка: Челинџер Дип

Лоцирана на дното на Маријанскиот ров на длабочина од 10.911 метри под нивото на морето, ова е најниската точка на Земјата. Ја имаат стигнато само тројца луѓе.

Прочитајте ги и овие факти за Земјата што сигурно не сте ги знаеле.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар