Моќни цитати кои ќе ви ја вратат вербата во себе

Моќни цитати кои ќе ви ја вратат вербата во себе

Сите ние понекогаш поминуваме низ тешки периоди во животот кога мислиме дека ништо нема смисла и дека залудно вложуваме труд. Тогаш почнуваме да ја губиме нашата самодоверба и вербата во себе. Честопати забораваме дека треба да се стремиме кон тоа да ги оствариме нашите цели и соништа бидејќи дозволуваме другите да нè убедат дека тоа не е возможно. Во овие моменти добро е да пронајдеме некаква инспирација и поттик кои ќе нè мотивираат да не се откажуваме и да продолжиме понатаму. Овие моќни цитати ќе ви помогнат во тоа и ќе ви ја вратат вербата во себе…

Моќни цитати кои ќе ви ја вратат вербата во себе

„Ако чуете некој внатрешен глас кој ви вели ‘не можеш да сликаш’, тогаш сликајте по секоја цена и ќе го замолчите гласот.“ – Винсент Ван Гог

„Кога една врата на среќата се затвора, друга со отвора. Но, честопати толку многу зјапаме во затворената врата, што не ја гледаме онаа која ни се отворила.“ – Хелен Келер

„Јас сум најдобриот. Ова го кажав уште пред да знам дека навистина сум.“ – Мухамед Али

„Дното што го достигнав стана цврста основа врз која повторно го изградив мојот живот.“ – Џ. К. Роулинг

„Во кој било период од нивниот живот, луѓето се способни да го прават она за кое сонуваат.“ – Пауло Коељо

„Луѓето кои се доволно луди да мислат дека можат да го променат светот се оние кои навистина го менуваат.“ – Стив Џобс

„Имате непријатели? Тоа е добро. Тоа значи дека сте се бореле за нешто некогаш во животот.“ – Винстон Черчил

„Не би се грижеле толку многу што мислат другите кога би сфатиле колку ретко тие всушност размислуваат.“ – Елеонор Рузвелт

„Убавата работа кај стравот е тоа што кога се упатувате накај него, тој бега од вас.“ – Робин Шарма

„Секој е генијалец. Но, ако ја судите рибата според нејзината способност да се качува на дрво, таа целиот живот ќе го помине верувајќи дека е глупава.“ – Алберт Ајнштајн

Моќни цитати кои ќе ви ја вратат вербата во себе

„Љубовта кон самите себеси е почетокот на една долга животна романса.“ – Оскар Вајлд

„Не станувате тоа што сакате, туку тоа во кое верувате.“ – Опра

„Самодовербата не доаѓа од тоа постојано да сте во право, туку од тоа да не се плашите да погрешите.“ – Питер МекИнтајр

„Бидете промената што сакате да ја видите во светот.“ – Ганди

„Никогаш не е предоцна да си поставите нова цел или да сонувате нов сон.“ – К. С. Луис

„Смислата на животот не е да се пронајдете себеси. Смислата на животот е да се создадете себеси.“ – Џорџ Бернард Шо

„Само ако сме доволно храбри да ја истражуваме темнината, ќе ја откриеме бесконечната моќ на нашата светлина.“ – Брене Браун

„Ако нешто ви значи… Никогаш не е премногу доцна, или во мојот случај премногу рано да бидете тоа што сакате. Не постои временска граница. Почнете кога сакате. Може да се промените или да останете истите. Не постојат правила за ова. Можеме да го извлечеме најдоброто или најлошото од тоа. Се надевам дека ќе го извлечете најдоброто. Се надевам дека ќе видите нешта кои ќе ве воодушеват. Се надевам дека ќе почувствувате работи што никогаш претходно не сте ги почувствувале. Се надевам дека ќе сретнете луѓе со различни гледишта. Се надевам дека живеете живот на кој сте горди, а ако не е така, се надевам дека ќе соберете храброст да почнете пак од почеток.“ – Ф. Скот Фицџералд

„Вие самите како и сите во целиот универзум, заслужувате љубов и грижа.“ – Буда

„Да останете свои во свет кој постојано се обидува да ве промени е најголемиот успех.“ – Ралф Валдо Емерсон


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар