Кои хороскопски знаци живеат најдолго?

Луѓето кои живеат преку 100 години имаат разни тајни за својата долговечност, но се чини дека нивниот долг живот има врска и со хороскопот. Неколку статистички истражувања покажуваат дека луѓето родени во знакот на Рак живеат најдолго, а по нив следуваат Овенот и Девицата. Овој факт го потврдува и службената светска листа на најдолговечни луѓе во светот која се бележи од 1995-тата година од организацијата „Gerontology Research Group“.

Кои хороскопски знаци живеат најдолго?

Се верува дека многу Ракови доживуваат длабока старост бидејќи сакаат да водат здрав живот, а за тоа ги мотивира мислата да поживеат што подолго за да можат повеќе време да поминуваат со своите најмили, посебно децата. Тие се изразито семејни и грижливи типови луѓе.

Девиците својата долговечност ја должат на уредниот живот и грижата за сопственото здравје. На многу од нив, правилната исхрана и телесни вежби им се начин на животот и не можат да го замислат без нив. Исто така, Девиците се доста смирени луѓе, а помалку стрес значи и подолг живот.

Тајната на Овните, пак, е следнава: Од сите знаци во хороскопот Овенот има најголема страст за животот. Нивниот ентузијазам е неспоредлив и тие се секогаш подготвени да се соочат со сите предизвици што им застануваат на патот.

Помеѓу 59-те личности на листата со најдолговечните луѓе во светот, најмногу има родени во знакот на Рак (8), а потоа во Девица (7) и Овен (7). Интересно е да се каже дека меѓу нив дури 18 се жени, што го потврдува и фактот дека жените живеат подолго од мажите. 11 личности од нив се родени во С.А.Д. што се должи на високиот животен стандард. Во продолжение, имињата на најдолговечните луѓе на листата:

Рак

  • Вилијам Фулингим, 110 години и 30 дена (С.А.Д.)
  • Џозеф Салас, 112 години и 228 дена (Шпанија)
  • Алис Стивенсон, 112 години и 39 дена (Велика Британија)
  • Софија деМут, 111 години и 155 дена (С.А.Д.)
  • Метју Бирд, 114 години и 222 дена (С.А.Д.)
  • Марија Гомез Валентим, 114 години и 347 дена (Бразил)
  • Гертруда Вивер, 116 години и 276 дена (С.А.Д.)
  • Сузана Мушат Џонс, 116 години и 311 дена (С.А.Д.)

Овен

  • Мито Умета, 112 години и 65 дена (Јапонија)
  • Фани Томас, 113 години и 283 дена (С.А.Д.)
  • Јукичи Чуганџи, 114 години и 189 дена (Јапонија)
  • Една Паркер, 115 години и 220 дена (С.А.Д.)
  • Гертруда Бејнс, 115 години и 158 дена (С.А.Д.)
  • Дина Манфредини, 115 години и 158 дена (С.А.Д.)
  • Џироемон Кимура, 116 години и 54 дена (Јапонија)

Девица

  • Росалија Спото, 109 години и 179 дена (Италија)
  • Нели Спенсер, 113 години и 81 ден (С.А.Д.)
  • Мари-Луиз Мелер, 117 години и 230 дена (Канада)
  • Рамона Тринидад Иглесиас-Џордан, 114 години и 272 дена (Порторико)
  • Марија Каповила, 116 години и 347 дена (Еквадор)
  • Марија де Хесус, 115 години и 114 дена (Португалија)
  • Беси Купер, 116 години и 100 дена (С.А.Д.)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар