ЕУ доделува 35 илјади бесплатни возни билети за патување низ Европа!

ЕУ доделува 35 илјади бесплатни возни билети за патување низ Европа!

Ако имате 18 години и сакате да ја истражувате Европа, ова може да биде среќно лето за вас, бидејќи Европската Унија подарува 35.000 бесплатни билети за воз за патување низ Европа.

ЕУ доделува 35 илјади бесплатни возни билети за патување низ Европа!

Станува збор за проектот наречен DiscoverEU, кој е отворен за сите оние кои на 1 јули ќе наполнат 18 години, односно за оние кои се родени помеѓу 1 јули 2004 година и 30 јуни 2005 година.

Дополнително, апликантот мора да биде жител на земја-членка на ЕУ или земја во програмата Еразмус, која ги вклучува нашата земја, Србија, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Турција.

Сè што треба да направите е да се регистрирате овде до 29 март, да ги пополните податоците за вашата возраст и националност и да одговорите на пет прашања со повеќекратен избор за ЕУ.

Дополнително, треба да напишете и како планирате да го искористите бесплатниот билет доколку го добиете, како и дали имате намера да патувате сами или претпочитате да патувате со пријателите.

Оние кои ќе бидат ибрани, ќе добијат билети за воз со кои ќе можат да патуваат седум дена во месецот во периодот од 15.06.2023 до 30.09.2024 година, а ќе добијат и Европска младинска картичка, која овозможува бројни попусти за сместување, превоз, храна и културни активности.

Победниците ќе бидат избрани врз основа на одговорите во апликацијата, а доколку има повеќе пријавени отколку што има места, приоритет ќе имаат оние кои се пријавиле порано.

Откако прочитавте за оваа иницијатива на Европската Унија, можеби ќе сакате да прочитате и за 4-те дестинации во Европа кои се идеални за патување со воз.

Извор: timeout.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар