4 дестинации во Европа кои се идеални за патување со воз

Поради својата близина, Европа ни нуди прекрасни дестинации за патување со сите превозни средства. Ова можат да ви го потврдат сите туристи и авантуристи чија мисија е да истражат што поголем дел од овој континент. Но, и покрај тоа што можеме да одбираме превозно средство, сепак многумина од нас без размислување би се одлучиле на воз. Постои нешто магично во патувањето со воз, особено за оние што сакаат да го впијат секој пејзаж од патот. Па, ако размислувате да отпатувате некаде летово, со воз, тогаш ви ги препорачуваме следниве дестинации…

1. Јунгфраујох, Швајцарија

Покрај вкусните сирења и магичните чоколади, Швајцарците имаат една од најдобро развиените железници во Европа и не дозволуваат дури ни нешто толку безначајно како огромна планина да ѝ застане на патот на локомотивата. Ова мало место со тешко изговорливо име има железничка станица на највисоката точка во цела Европа. Патниците ќе поминат низ планините Ејгер, Јунграу и Монч пред да влезат во тунел на надморска висина од 3454 метри каде што ќе бидат наградени со неверојатен поглед кон Бернскиот Оберленд. На ова место има снег дури и за време на летото.

2. Мадрид, Шпанија

Ако сакате да посетите позелена дестинација, тогаш ви ја предложуваме железничката станува во Аточ во Мадрид. Вие ќе можете да уживате уште пред да излезете од железничката станица бидејќи во неа затворена ботаничка градина со зелени палми и бујни садници. Од главниот шпански град можете да фатите воз и за Севилја или Кордоба со цел да уживате во неверојатната архитектура и цветните улици.

3. Москва, Русија

Ако сакате епска авантура, тогаш зошто да не ја започнете во овој енергичен град? Транс-сибирската железница е една од најпознатите низ светот па затоа и треба да се најде на врвот на вашата листа доколку сте љубители на патувањето со воз. Исто така, со мозаиците и бронзените скулптури, станиците во Москва повеќе личат на музеи отколку на транзитна мрежа па ќе бидете воодушевени и од нивниот дизајн.

4. Венеција, Италија

Ништо не е полуксузно од возење со воз на рутата Венеција Симплон – Ориент Експрес. Ова патување ќе ве врати во погламурозно време кога возењето со воз ги преплавило фантазиите и срцата на сите оние среќници што имале можност да се возат во овие вагони. По ова незаборавно искуство, прошетајте низ магичниот град каде што ќе ве чекаат неверојатни изненадувања на секој агол.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар