Алкохолот и цигарите ќе ве убијат побргу од марихуаната

Постојат дилеми околу тоа што е поштетно – алкохолот и цигарите или марихуаната, а група американски научници го разрешија делот кој се однесува на ризикот од смрт поради употребата на некоја од овие супстанци.

Алкохолот и цигарите ќе ве убијат побргу од марихуаната

Заклучокот бил дека алкохолот носи најголем ризик од смрт од сите испитани супстанци, а веднаш зад него биле хероинот, кокаинот и тутунот. На дното на листата била марихуаната со приближно 114 пати помала опасност од алкохолот. Истражувачите ги направиле овие пресметки според смртоносната доза од одредена супстанца споредена со дозата која ја користи просечен корисник. Овие резултати сепак не значат дека користењето на марихуаната е безопасно. Веќе пишувавме за тоа како таа влијае на мозокот, а покрај тоа придонесува и за намалено либидо.

Инаку оваа студија не била изработена за да истакне дека марихуаната е помалку опасна од други супстанци, туку да покаже колку се потценува штетното влијание на алкохолот. Претставено на дијаграм, тоа изгледа како на следната слика.

Алкохолот и цигарите ќе ве убијат побргу од марихуаната

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар