Туна или сардини - што е поздраво?

Туна или сардини – што е поздраво?

Сигурно сте се запрашале колку е всушност здрава конзервираната туна. Овој оброк може да го замени ручекот, а за време на постот е еден од изворите на протеини. Сепак, сигурно сте слушнале дека не е многу здрава и се прашувате дали може да му наштети на вашето тело.

Туна или сардини - што е поздраво?

Туната содржи мала количина жива, а сите знаеме дека живата е отровна и опасна за животот на човекот. За среќа, рибите содржат мали количини од овој метал.

Проблемот се јавува кога луѓето почнуваат да јадат премногу туна. Значи, ако јадете премногу туна, постои можност да се отруете со жива и со тоа да си го загрозите сопствениот живот. Се разбира, внесот на туна мора да биде огромен за да се појави вакво труење.

Една конзерва туна содржи 18,11 микрограми жива. Живата е еден од најраспространетите токсини во производите од риба и е исклучително штетна за сите, особено за жените кои планираат бременост, бремените жени и децата. Дозволениот максимален внес на жива неделно е 1,6 микрограми на еден килограм телесна тежина.

Шокантен е фактот дека туната, во зависност од видот и од местото на собирање, во просек содржи околу 30 микрограми жива во 100 грама конзервиран производ, а максимално може да содржи два и пол пати повеќе. Спротивно на тоа, сардините во конзерва содржат околу 10 пати помалку жива, т.е. околу 3 микрограми во 100 грама производ и овој однос е речиси константен.

Една порција туна содржи околу 75 микрограми витамин К, што е околу 60% од препорачаната дневна доза (или околу 83% од препорачаната доза за жени), додека една порција сардини содржи само 4,4 микрограми.

Заклучокот е дека конзервираната туна не е опасна ако ја јадете во мали количини, но ако сакате да јадете риба од конзерва, подобро е да изберете сардини.

Прочитајте како да направите масло од ѓумбир што помага при стрес и настинки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар