Негативни карактеристики на вашиот хороскопски знак поради кои партнерот може да ве напушти

Сигурно сте запрашале милион пати што велат ѕвездите за вашиот љубовен живот. Но, ако немате многу среќа во љубовта, прочитајте зошто е тоа така, односно зошто сте сами.

Негативни карактеристики на вашиот хороскопскиот знак поради кои партнерот може да ве напушти

Овен

Вие сте гласни и по малку застрашувачки и поради тоа луѓето околу вас честопати се чувствуваат непријатно. Имате многу енергија, но можеби треба да се обидете да бидете посуптилни и шармантни?

Бик

Дали некогаш ќе сакате некого како што сакате храна? Очигледно дека не. Барајте личност која ја негува истата страст кон храната како и вие ако сакате да најдете сродна душа.

Близнаци

Луѓето едноставно не можат да ве сфатат сериозно. Добро е да бидете весели и да го чувате детето во вас засекогаш, но ако сакате да пронајдете љубов што ќе трае, можеби треба да бидете барем малку посериозни.

Рак

Премногу сте изолирани од другите и сте изградиле непремостлив ѕид околу себе. Чувствителни сте и имате потреба од заштита во секоја ситуација, но обидете се да се опуштите малку и да ризикувате.

Лав

Барате некој што ќе ве сака повеќе отколку што вие се сакате себеси, што е навистина тешко да се најде. Љубовта кон себе е најубава од сите видови љубов, но не треба да претерувате.

Девица

Премногу сте срамежливи и поради тоа другите понекогаш создаваат погрешна слика за вас. Поточно, тие мислат дека сте тотално незаинтересирани. Опуштете се и препуштете му се на флертот.

Вага

Вие флертувате со сите. Ако некогаш успеете да се воздржите од тоа, можеби ќе ја пронајдете вашата сродна душа.

Скорпија

Луѓето се плашат од вас. Вие сте познати по тоа што сте агресивни во комуникацијата со другите луѓе. Тоа понекогаш може да биде привлечно, но во повеќето случаи не е. Престанете да војувате.

Стрелец

Вие сте играч и никој не сака да биде во сериозна врска со вас. Вие сте познати по вашиот слободен дух, но дали навистина сакате да останете сами до крајот на животот?

Јарец

Никогаш не се смеете и често изгледате застрашувачки. Престанете да се однесувате како жена на која никој не ѝ е потребен и која може да направи сè самостојно. Животот е многу подобар во пар.

Водолија

Изгледате непристапно, а тоа е затоа што постојано сте во некој свој свет. Симнете се од облаците затоа што реалноста можеби ви нуди вистинска љубов.

Риби

Не можете да се контролирате и се смеете премногу, што може да ги иритира луѓето. Додека некој ви се додворува, се прашува дали можеби му се смеете нему. Смеењето е одлично, но би било добро да се воздржувате во одредени моменти.

Прочитајте што размислува секој хороскопски знак кога ќе го види својот партнер.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар