Ако се пронајдовте во ова, избришете ги солзите: Изневерените жени се секогаш победнички!

Ако се пронајдовте во ова, избришете ги солзите: Изневерените жени се секогаш победнички!

Неодамна сте дознале дека партнерот ве изневерил? Избришете ги солзите затоа што не е сè толку црно колку што изгледа! Едно неодамнешно истражување од Лондон дошло до заклучок дека жените што ги изгубиле партнерите поради неверство се всушност победнички на долг рок.

Анонимното онлајн истражување вклучувало 5.705 испитаници од 96 држави ширум светот, правејќи го едно од најобемните за љубовните раскинувања досега. Тоа што се открило е дека неверството најчесто носело позитивни резултати, бидејќи жените на тој начин учеле како подобро да ги препознаваат лажливците во иднина, и како побрзо да ги забележуваат потенцијално опасните партнери. Овие вештини водат кон повисока самодоверба, која пак има позитивно влијание и во сите останати аспекти од нивниот живот.

„Врската која настанала со неверство е најчесто осудена на пропаст. Прељубничките се свесни дека нивниот маж е склон на лаги и измами, па затоа и се чувствуваат понесигурно покрај него уште во почетокот. На тој начин и измамената жена станува победничка, а љубовницата губитничка“, вели Крег Морис, еден од истражувачите.

Истражувачите исто така додаваат и дека неверството не настанува поради лошиот квалитет на врската или пак, затоа што личноста со којашто веќе е изневерувачот во врска не е доволно добра. Тие можат да бидат најсреќни и најзаљубени на светот, и да уживаат неизмерно во времето поминато заедно, но сепак да настане неверство. Вината за ова е исклучиво кај оној што изневерува, така што другата половина од врската не смее ни да помисли да се обвинува.

„Ако врската има проблеми, тогаш треба да се работи на нив заедно со партнерот“, велат истражувачите. „Не треба да се бара решение надвор од врската, а уште помалку со друга личност зад грбот на вашата ‘сакана’“.

Психотерапевтите откриваат и зошто емотивното неверство станува сè почесто меѓу брачните партнери.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Saski Reply

    Pojma nema diplomiraniov filozov.Ovde treba da vi pisuva nekoj obicen iskusen covek a ne bubac na knigi

    • Моника Трајковска Јакимовска Reply

      Јас сум дипломиран психолог, не филозоф. А и зошто е толку лошо да се биде филозоф по струка? Според мене, филозофијата е многу повеќе од „бубање“, но секој си има право на свое мислење… 🙂

Напиши одговор на Saski Откажи одговор