Одморалиште во Јапонија ви овозможува да се капете во пиво

Ако барате начин да ја однесете љубовта кон пивото на ново ниво, овој спа центар е одличен за вас. Јапонското одморалиште Мисуги (Misugi) ви овозможува да се капете во пиво, а се наоѓа на само неколку чекори од пиварата Хинотани. Ова е вистинско остварување на сонот на љубителите на пивото.

Одморалиште во Јапонија ви овозможува да се капите во пиво

Опкружено со планините во јапонското село Токаи, одморалиштето Мисуги нуди одмор со внатрешни и надворешни бањи, сауна, базен и јакузи. Една од најпознатите удобности на одморалиштето е лоцирано во Хинотани Онсен, именувано по пиварата, и овде можете да се слободите од стресот така што ќе се бањате во пиво.

Одморалиште во Јапонија ви овозможува да се капите во пиво

Таканареченото „Нинџа пиво“ кое е произведено во пиварата, во комбинација со природните топли извори е навистина необично искуство. Наводно благодарение на квасецот, ензимите во сладот и јаглеродната киселина, оваа бања е погодна за разубавување.

„Квасецот од пивото ја омекнува кожата, а пивото има и антибактериска моќ што е добра за вашата кожа. Покрај тоа јаглеродниот диоксид е одличен за циркулацијата на крвта“, изјавил сопственикот Јуки Накагава.

Одморалиште во Јапонија ви овозможува да се капите во пиво

Нинџа пивото е направено од црн ориз и ориз за саке, па очекувајте малку потемна нијанса. Одморалиштето нуди и тушеви што можете да ги користите по бањата со пиво. Покрај тоа 45 минути во оваа бања ќе ве чинат околу 10 евра, односно 14 евра во текот на летото.

Одморалиште во Јапонија ви овозможува да се капите во пиво

Има само една бања со пиво, а спа центарот има посебен дел за мажи и жени. Постојат одредени термини за мажите и одредени термини за жените, па потребно е добро да испланирате кога ќе ја посетите бањата.

Одморалиште во Јапонија ви овозможува да се капите во пиво

Покрај бањата со пиво, постојат и други работи што можете да ги правите овде. Собите имаат неверојатен поглед кон планините, има бесплатен Интернет и огромни телевизори. Во престојот се вклучени појадок и вечера, а има и воден парк, соба за чај, масажи и караоке машина. Можете да се капете во другите базени, да ловите риба или да го посетите ноќниот пазар.

Одморалиште во Јапонија ви овозможува да се капите во пиво

Љубителите на пиво можат да ги пробаат продуктите на пиварницата кои добивале неколку награди и кои наводно се инспирирани од американските пива. Исто така во близина има и пекара што нуди часови каде што можете да научите како да правите леб и пица со квасецот од пиварата.

Одморалиште во Јапонија ви овозможува да се капите во пиво

Што мислите, дали би го посетиле ова навистина необично место?

Погледнете ги и хотелите од целиот свет што ќе ви ја разгорат желбата за патување.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар