Ако партнерот ви го постави ова прашање, голема е веројатноста дека ве изневерува

Кога сте во врска, последната работа што сакате да ви се случи е да дознаете дека личноста што ја сакате ве изневерила. Но, неверството е честа појава во денешните односи. Всушност, според едно истражување во кое биле опфатени над 1.300 испитаници, 41% од луѓето го изневериле својот партнер, а 64% од испитаниците биле изневерени.

Ако партнерот ви го постави ова прашање, голема е веројатноста дека ве изневерува

Само едно брзо пребарување на Интернет зошто луѓето изневеруваат ќе ви донесе милиони резултати.

Конечниот одговор, се разбира, е субјективен. Тоа варира од врска до врска, така што причината поради која некој ве изневерува можеби не е истата причина поради која вашата најдобра пријателка го изневерувала своето момче.

Некои луѓе имаат прилично површни причини за изневерување. На пример, едно истражување од 2018 открива дека 52% од тие што изневериле сметале дека нивниот партнер не бил во доволно добра форма, а некои изневеруваат затоа што не го добивале потребното внимание од својот партнер.

Која и да е причината за неверство, постојат некои знаци што може да ви откријат дека партнерот ве изневерува. Сепак, ако навреме откриете дека партнерот би можел да ве изневери, потрудете да ги преземете потребните чекори за да го спречите неверството.

Најголемото навестување честопати се појавува во форма на прашање и ако вашиот партнер ви го постави ова прашање, големи се шансите дека ве изневерил или барем дека размислувал за тоа.

Најголемиот знак дека партнерот ве изневерил доаѓа спакуван во прашањето:

„Дали може да пробаме нешто ново во спалната соба?“

Секако, ова звучи прилично невино. Но, во него се кријат емоциите што вашиот партнер долго време ги криел и конечно успеал да најде храброст да ги изнесе.

Не се само мажите наклонети кон сексуалните односи, туку и на жените им треба секс. Голем дел од жените изневеруваат затоа што немаат секс во бракот или не доживуваат оргазам.

Според истражувањето, 90% од луѓето веруваат дека редовниот, заемно задоволувачки секс е многу важен и е клучен дел од секоја долгорочна романтична врска. За жал, истражувањето открило дека 52% од луѓето немаат секс каков што сакаат и каков што им е потребен за да се чувствуваат сакано и задоволно во врската.

Понекогаш луѓето изневеруваат затоа што ја бараат токму таа компонента што им недостасува во бракот или во врската. Не постои волшебна формула кога станува збор за тоа колку или каков секс треба да имате, но според истражувањето, 58% од мажите и од жените сакаат да имаат секс повеќе пати неделно, а 27% откриле дека идеално би било ако имаат секс секој ден. Сепак, тоа варира во зависност од врската и од тоа колку партнерите отворено комуницираат за својот сексуален живот.

Прочитајте кои 11 знаци откриваат дека не уживате во сексот со вашиот партнер.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар