Рецепт за вкусен куглоф со цреши

Уживајте во викендот со овој вкусен десерт кој сигурно ќе сакате да го направите повторно. Во продолжение погледнете што ви е потребно за овој рецепт.

Рецепт за вкусен куглоф со цреши

Потребни состојки:

  • 3 јајца
  • 200 г шеќер
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • 200 г јогурт
  • 120 милилитри масло
  • 350 г цреши без семки
  • 250 г брашно
  • 1/2 ќесичка прашок за пециво

Начин на подготовка:

  1. Исчистете ги црешите.
  2. Изматете ги јајцата со шеќерот, а потоа додајте го маслото и јогуртот.
  3. На крајот, додадете го брашното и прашокот за пециво и мешајте со миксерот за да добиете смеса без грутки.
  4. Премачкајте го калапот за куглоф со масло, а потоа ставете малку брашно.
  5. Во калапот ставајте од смесата и од црешите најизменично.
  6. Печете на температура од 180 степени за 45-50 минути.
  7. Оладениот куглоф посипајте го со ванилин шеќер.

Пробајте го и овој рецепт за ледена торта со овошје.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар