Ледена торта со овошје: Заменете го ананасот, бананите и јагодите со сезонско овошје по желба

Оваа овошна торта е одлична за секој ден, а сигурни сме дека и вашите најблиски ќе бидат изненадени од вкусот. Ако немате ананас, банани и јагоди, слободно можете да ги замените со овошје по желба.

Заменете го ананасот, бананите и јагодите со сезонско овошје по желба

Потребни состојки:

  • 1 кг шлаг
  • 1 л кисела вода
  • 300 г јагоди
  • 300 г ананас
  • 300 г банани

Начин на подготовка:

  1. Изматете го шлагот со киселата вода и поделете ја смесата на три дела. Исечкајте го овошјето.
  2. Во првиот дел додајте јагоди, во вториот ананас, а во третиот додајте ги бананите.
  3. Израмнете ја секоја смеса рамномерно и ставете во замрзнувач 2 часа или преку ноќ во фрижидер.
  4. Следниот ден свртете ја на послужавник и исечете како торта. Идеално е за топлите денови, а изборот на овошје може да биде различен.

Пробајте го и овој рецепт за енергетски барови со кокос.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар