7 опасни пораки во популарните бајки и како да ги заштитите вашите деца од нив

Бајките понекогаш може да испраќаат мешани пораки. Всушност, кога Шарл Перо ја напишал „Пепелашка“, тој ја завршил приказната со два прилично спротивставени морали. Прво, добрината е поважна од изгледот и второ, нагласено со малку повеќе циничен тон, карактеристиките како храброст и интелигенција се важни, но ви треба „самовила“ за да ви помогне да напредувате во животот. Децата сакаат да читаат бајки и тие се клучен дел од нивното детство. Но, треба да му објасните некои работи на детето за правилно да ги разбере овие уметнички дела. Во продолжение прочитајте што родителите треба да им кажат на своите деца додека ги читаат овие приказни.

1. Да бидете добри не значи дека треба да бидете домаќинка

7 опасни пораки во популарните бајки и како да ги заштитите вашите деца од нив

Оваа порака ја има во бајките на Дизни како „Снежана и седумте џуџиња“, „Пепелашка“ и „Убавицата и ѕверот“. Позитивните ликови во овие бајки одлично се справуваат со домашните обврски, додека негативните ликови не знаат ништо за нив.

По гледањето на овие цртани филмови, децата може да добијат впечаток дека добра жена е таа чии единствени интереси се нејзиниот дом и нејзините домашни обврски, но тоа не е во ред.

2. Бракот не е најголемата награда, но е едно од можните сценарија

7 опасни пораки во популарните бајки и како да ги заштитите вашите деца од нив

Повеќето бајки се создадени врз следната шема: проблем – авантура – награда. Наградите за момчиња во овие бајки може да бидат различни: љубов, правда, титула, богатство и сл., додека наградата за девојчињата обично е бракот. Но, во современото општество бракот не се смета за единствената цел во животот и за индикатор на зрелост. Постојат многу други работи кои може да им бидат цел на девојчињата.

3. Понекогаш единствениот човек кој може да ве спаси сте вие самите

7 опасни пораки во популарните бајки и како да ги заштитите вашите деца од нив

Минатата година Кира Најтли им призна на новинарите дека не ги сака бајките за принцезите затоа што многу хероини во овие фантастични приказни изгледаат беспомошно и само чекаат некој маж да ги спаси од замката.

На пример, Пепелашка ѝ служи на маќеата во сопствената куќа и дури не се ни обидува да се бори за својата слобода. Таа се спасува благодарение на самовилата, а подоцна и на шармантниот принц, но во реалниот живот, тоа не се случува така.

4. Вие одлучувате кој ќе ве бакне

7 опасни пораки во популарните бајки и како да ги заштитите вашите деца од нив

Американската актерка Кристен Бел сметала дека е неопходно да разговара со своите ќерки за крајот на „Снежана и седумте џуџиња“. Од гледна точка на здравиот разум, малку е чудно што принцот намерно ја бакнува девојката додека таа е во беспомошна состојба.

Бел била загрижена дека девојките можеби ќе мислат дека нивната согласност да бидат во врска е секундарна работа што не значи ништо, особено ако се земе предвид фактот дека принцезата веројатно има само 14 години кога се случува бакнежот.

5. Ако никој не ве слуша, тоа не значи дека треба да го изгубите гласот

7 опасни пораки во популарните бајки и како да ги заштитите вашите деца од нив

Друга работа што предизвикува загриженост кај современите мајки се крие во бајката „Малата сирена“. Девојчето кое се чувствува погрешно разбрано од околината, ризикува сè за принцот што го видела само неколку пати, а во оригиналот целата приказна завршува трагично за малата сирена.

Според експертите, губењето на гласот со цел да се освои љубовта на принцот не е најдоброто однесување што треба да биде карактеристично за една млада девојка.

6. Физички здравата девојка никогаш нема да може да изгледа како принцеза

7 опасни пораки во популарните бајки и како да ги заштитите вашите деца од нив

Истражувањата покажуваат дека девојките кои редовно гледаат цртани филмови со принцези, имаат ниска самодоверба во иднина. Не е изненадувачки тоа што тие сакаат да изгледаат како својата омилена хероина, но тоа е невозможно поради искривените пропорции на телото од страна на илустраторите.

За да изгледа добро, жената треба да се грижи за себе и за својот стил, но сепак, нема да може да изгледа како принцезите од бајките. Колку побргу девојчињата ќе го сфатат тоа, толку подобро за нив.

7. Тешко е да се разликува лоша личност од добра според изгледот

7 опасни пораки во популарните бајки и како да ги заштитите вашите деца од нив

Позитивните ликови секогаш изгледаат попривлечно отколку негативните, а тоа може да предизвика некои стереотипи.

Научниците исто така се загрижени затоа што во филмовите и во цртаните филмови честопати има ликови со очигледни ментални и психолошки отстапувања. Овие болести честопати се користат за да оцрнат некого, но во реалноста, тоа може да предизвика пристрасност кон луѓето на кои навистина им е потребна помош.

Погледнете ги овие фотографии што се доказ дека аниматорите на Дизни требало да добијат медал за својата напорна работа што никој не ја забележува.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар