5 пози што ќе ви помогнат да го совладате стресот за само 2 минути

5 пози што ќе ви помогнат да го совладате стресот за само 2 минути

Според психологот Ејми Кади, нашите гестови го одредуваат туѓото мислење за нас. Освен тоа, тие влијаат и на нашата самодоверба. Некои истражувања докажале дека постојат одредени пози што можат да го насочат нашиот мозок кон победа. Следниве 5 пози ќе ви помогнат да го намалите стресот за само 2 минути и ќе ве убедат да верувате во сопствениот потенцијал за успех…

5 пози што ќе ви помогнат да го совладате стресот за само 2 минути

Говорот на телото влијае на многу значајни животни ситуации како што се интервјуа за работа и јавно говорење. Гестовите и позите исто така имаат големо влијание и на нашиот ум. Животните заземаат повеќе простор за да покажат дека се силни. Истото важи и за луѓето: Се отвораат кога се самоуверени и се затвораат кога се чувствуваат беспомошни.

5 пози што ќе ви помогнат да го совладате стресот за само 2 минути

Умот влијае на телото. Моќните луѓе се посамоуверени и попозитивни, почесто преземаат ризици и никогаш не се сомневаат дали ќе успеат. Силните луѓе имаат високо ниво тестостерон (хормонот на лидерството) и ниско ниво кортизол (хормонот на стрес). Тоа значи дека тие се поотпорни на стресни ситуации.

5 пози што ќе ви помогнат да го совладате стресот за само 2 минути

Ејми Кади спровела два експеримента во кои едната група заземала моќни пози, а другата немоќни. Првиот експеримент докажал дека моќните пози го зголемуваат тестостеронот за 20% и го намалуваат кортизолот за 25%. Другиот експеримент покажал дека работодавците вработувале луѓе кои заземале моќни пози пред интервјуто.

5 пози што ќе ви помогнат да го совладате стресот за само 2 минути

Може ли навистина да се искористи ова сознание во секојдневниот живот? Токму тоа го советува Ејми: Кога треба да се соочите со некоја стресна ситуација, останете сами во тоалет, лифт или празна соба, заземете моќна поза и останете така 2 минути.

5 пози што ќе ви помогнат да го совладате стресот за само 2 минути

Нашето тело ја менува нашата свест, нашата свест го менува нашето однесување, а нашето однесување може да го смени резултатот на секоја значајна ситуација. Не го заборавајте ова и размислувајте како победници!

Погледнете го и овој водич што ќе ви помогне да го подобрите говорот на телото.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар