Претходно
28 нешта што се случуваат ако сте единствената девојка во вашето друштво
Девојките се супер, немојте да не сфатите погрешно, но да се биде блиски со момци е нешто сосема различно. Постојат толку многу забавни нешта кои можете да ги правите со група момци бидејќи тие ќе ви го штитат грбот, без разлика на тоа што се случува. Нештата стануваат особено интересни ако вие сте единствената девојка во вашето друштво. Со оглед на тоа дека сте постојано опколени со мажи, нештата знаат да станат многу чудни. Погледнете ги 28-те нешта кои се случуваат ако вие сте таа девојка:
1. Не смеете да го спомнете вашиот месечен циклус. Никогаш!

2. Имајќи го тоа на ум, немате од кого да побарате тампон.

3. Тие ќе ги исмејуваат вашите дечковци, без разлика за кој станува збор.

4. Жените со кои тие се во врска, најчесто ви се љубоморни. Сите.

5. И големи се шансите дека воопшто не ве сакаат.

6. Вашите пријатели се однесуваат чудно заштитнички, па затоа и никој не си игра со вас.

7. Тие ги носат вашите тешки работи, не затоа што се грижат, туку затоа што не сакаат да ве чекаат додека се обидувате самите да го сторите тоа.

8. Вие сфаќате дека тие се опуштени сè додека не го расипете единственото нешто што им значи. Потоа настанува експлозија и воопшто не е пријатно.

9. Понекогаш, вие сте „мајката“ во друштвото и мора да носите рационални одлуки за сите.

10. Со тек на време учите како да бидете посилни. Ако се обидувате да се жалите, тие ви помагаат да зајакнете.






























