2 начини како сами да направите маска

За да може сите да останат здрави и да може да излезат без страв, решивме да ви покажеме како сами да направите хигиенска маска од импровизирани материјали.

Два начини како сами да направите маска

Ние ќе ви покажеме два начина така што секој може да избере тип на маска која му е полесно да ја направи и поудобно да ја носи.

1. Едноставна маска од ткаенина

За да ја направите може да користите каква било чиста и рамна ткаенина, како што е пелена или чаршав, со димензии 50 на 30 сантиметри (35 см ако имате големо лице). Покрај тоа, ќе ви требаат конец, игла и ножици, ластик или ленти за врзување.

Два начини како сами да направите маска

Преклопете ја ткаенината на половина должина, свртете ја навнатре и зашијте го работ.

Потоа превртете ја ткаенината од обратната страна и свиткајте ја така што работ ќе се најде во средината на платното.

Два начини како сами да направите маска

Потоа, преклопете ја ткаенината по широчина, со работ кон надвор и сошијте ги краевите еден со друг.

Два начини како сами да направите маска

Преклопете повторно така што работ да се најде во средината на платното.

Како што можете да видите, сите шевови сега се внатре, така што нема да ви пречат додека ја носите маската. Сега можете да ја испеглате маската.

Два начини како сами да направите маска

Поминете ги врвките помеѓу слоевите ткаенината и продолжете по надолжните рабови – така што врвките се движат слободно нагоре и надолу во нивните канали, но остануваат на краевите на маската.

Два начини како сами да направите маска

Два начини како сами да направите маска

Прво проверете која должина на врвка ви е потребна.

Два начини како сами да направите маска

Дури и маска за еднократна употреба може да се носи до три часа, а ако сте во толпа, не подолго од еден час. Но, ако направите неколку маски како оваа, можете да ги носите во текот на денот, да ги исперете и испеглате дома, а потоа повторно да ги користите следниот ден.

2. Шиена маска од ткаенина

Корисна и елегантна верзија од маска. Неопрен или други видови дебели ткаенини најдобро одговараат за нејзино производство. Исто така, ќе ви треба игла и конец за шиење, и за кроење – хартија, линијар, молив или фломастер.

Прецртајте или испечатете го кројот на маската од шемата подолу.

Два начини како сами да направите маска

Два начини како сами да направите маска

Исечете ја шемата и пренсете ја двапати на ткаенината за да добиете две идентични парчиња материјал.

Два начини како сами да направите маска

Два начини како сами да направите маска

Зашијте ги парчињата по заоблената линија, наспроти отворите за уво. Прво, шијте ги со ситен бод, потоа ланчан или некој друг цврст бод за шиење за да ги осигурате рабовите. Шиењето треба да биде на надворешната страна од маската, за да не ве повредува додека ја носите.

Два начини како сами да направите маска

И на крај, ставете неколку слоеви газа на внатрешната страна на маската и менувајте ги по секое носење.

Два начини како сами да направите маска

Таквата маска подобро одговара на лицето, но може да се користи само 2-3 часа, по што треба да се промени. Исперете ја и испеглајте ја пред да ја користите повторно.

Два начини како сами да направите маска

Можеби сакате да прочитате и која храна ќе ви помогне во зајакнувањето на имунитетот за време на коронавирусот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар