15 мудрости од неверојатниот Алан Вотс

15 мудрости од неверојатниот Алан Вотс

Алан Вотс е можеби еден од најпознатите оратори на модерното време. Тој секогаш ги поставувал најважните прашања за животот, и последната негова книга „Надвор од твојот ум“ (Out of Your Mind) го прави токму тоа. Книгата е напишана според неговата аудио серија со истиот наслов и е можеби најдоброто дело од Алан Вотс досега. Следниве мудрости ја рефлектираат длабочината и моќта на зборовите на Вотс за многу разни теми. Тој починал во 1973-та година, но неговата мудрост го надживеала.

15-mudrosti-od-neverojatniot-alan-vots-kafepauza.mk

„Сè се менува. Не можете да се држите за ништо. Ако го следите текот, вие ќе пловите со него. Но, ако му се спротивставувате и тој ќе се спротивставува. Ако го сфаќате ова вие пловите со текот и сте го пронашле мирот.“

„Вие и јас сме едно со физичкиот универзум, како што брановите се едно со океанот. Океанот се бранува, универзумот се „очовечува“. Но ние сме хипнотизирани, буквално хипнотизирани да чувствуваме дека постоиме како одделни битија во нашите кожи.“

„Кога ќе стигнете до дното на егоцентричната свест, ќе стигнете до нејзината граница, која фигуративно е нејзината смрт. Потоа одите длабоко во себе, подлабоко од свесното внимание, и на тој начин влегувате во вечноста. Вие не одите со вечноста, да одите со неа значи време, време и време во кое работите постојано се повторуваат. Но да влезете внатре е живеење во вечноста.“

„Ние и нашето опкружување сме различни системи. Секој добар научник знае дека она што го нарекувате надворешен свет е всушност вие колку и вашето тело. Вашата кожа не ве одделува од светот, таа е мост преку кој светот протекува во вас, и вие во него. Проблемот е што ние не сме научени да се чувствуваме така. Нашата култура не нè научила да се чувствуваме идентично со универзумот. Поради ова тој ни изгледа туѓ, како ние да сме одделни делови кои се справуваат со светот. Но мора да почувствуваме дека ние сме вечниот универзум, секој од нас.“

„Јаболката се плод на јаболковите дрва, розите се плод на грмушките со рози, а ние сме плод на универзумот. Земјата не е само еден голем камен инфициран со живи организми и вашето тело не е состав од коски инфициран со клетки.“

„Со тек на времето ќе станете свесни дека ова што ви се случува не ви се случува вам бидејќи вие сте самото случување. Единственото вие кое постои е она кое се случува.“

„Кога сакате да фатите риба, таа бега. Па како да ја задржите? Користете мрежа. На истиот начин ние се обидуваме да го задржиме овој променлив свет. Ако сакате да задржите нешто, мора да користите мрежа. Но, во природата овие нешта не доаѓаат изџвакани. Кога сакате да јадете пилешко, морате прво да пресечете парче. Исто е и со светот, тој не е во парчиња.“

„Ние сме научени да го користиме умот затворено. Ние сме научени да игнорираме дека секој од нас е отвор низ кој целиот универзум го искусува животот. Секој од нас е дупка од која излегува светлината, самото постоење. Но, ние го забораваме овој факт и се преправаме дека сме само еден мал отвор, отвор кој го нарекуваме јас, или его, или што и да е. Но ако сфатиме дека во исто време сме и јас и целото постоење, тоа е одлична зделка. Ако можете да се справите со овие две перспективи одеднаш, вие ќе почувствувате неверојатна хармонија.“

„Целиот свет е игра на енергијата – тој е калеидоскоп на џезот.“

„Секој од нас е вртлог во плимата на постоењето. Секоја клетка во нашето тело, секој молекул, секој атом постојано „тече“. Ништо не може да биде задржано.“

„Сега сакам да ви стане јасно што мислам со поимот его. Не го замислувам како синоним за нашиот жив организам, туку како нешто апстрактно. Егото ја има истата функција во реалноста како часот, сантиметарот или килограмот. Неговата цел е дискутирање или убедување. Секој од нас има его, но ние го третираме како да е нешто реално и физичко. Вистината е дека егото е само композиција од идеи и слики кои ги имаме за нас. Оваа идеја очигледно не е истото што и ние, како што идејата за дрво не е вистинско дрво. Покрај ова, сликата која ја имаме за себе е многу неточна и нецелосна… Со други зборови, сликата која ја имам за себе – моето его, е карикатура. За многу луѓе потрагата по идентитетот значи потрага по прифатлива слика. Која е мојата улога? Што треба да правам во животот? Овие прашања се важни, но ќе ве однесат на погрешен пат ако не се придружени со длабоко размислување.“

„Ако го барате вашиот ум, вашиот центар на постоење кој е одделен од сè друго, вие нема да го најдете. Единствениот начин на кој ќе дознаете дека не е таму е кога ќе побарате. Поради ова разните гуруа ќе ви речат да се запознаете, да погледнете внатре, да откриете кои сте, бидејќи колку повеќе барате, толку помалку ќе најдете.“

„Па, да ја сумирам мојата метафизика: Постои централното битие, наречете го Бог или како сакате, а тоа всушност сме сите ние. И тоа ги игра сите улоги на секое живо суштество низ универзумот. Тоа оди на авантури, се губи, но на крајот секогаш се буди и се враќа. И кога ќе бидете подготвени да се разбудите, ќе се разбудите.“

„Не многу одамна, луѓето верувале дека Земјата е рамна. Тие знаеле дека ова е така и не го менувале мислењето. Но, кога луѓето почнале да пловат околу светот и да летаат од едно место до друго, полека се навикнавме на фактот дека Земјата е сфера. Едноставно се навикнавме. Па, на истиот начин еден ден луѓето ќе се навикнат дека сите ние сме едно со универзумот. Ќе биде многу едноставно. И можеби кога ќе се случи тоа, ќе се справуваме со технологијата посвесно. Можеби ќе делуваме со љубов кон природата наместо со омраза.“

„Светост не значи добрина, добрите луѓе не мора да бидат свети. Света личност е личноста која е цела.“

Прочитајте ги и овие цитати кои ќе го сменат вашето мислење и вашата перцепција.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар