8 животни мудрости на Џек Николсон

Холивудските актери отсекогаш биле сметани за харизматични и шармантни луѓе. Но, ако треба да го избереме најголемиот шармер меѓу сите нив, тогаш тоа би бил Џек Николсон. И покрај сите проблеми, тој успеа да задржи насмевка на лицето. Од него можете да научите многу за животот и за тоа како да пристапите кон сè со помалку стрес и вистински да уживате во секој момент.

8 животни мудрости на Џек Николсон

Еве што има да каже Џек Николсон за животот, смртта, работата, за помладите генерации, но и за темата која дефинитивно му е омилена – жените.

„Моето мото е: повеќе забава.“

„Мојата религија, во суштина, е да бидам директен, да живеам во сегашниот момент. Тоа е старо клише, знам, но тоа е мое клише.“

„Ако чувствувате нагон во себе, имате изразена интуиција, колку и да изгледа погрешно, следете ја.“

„Кога носам очила за сонце, јас сум Џек Николсон. Кога не ги носам, јас сум дебел 60-годишен старец.“

„Ми се допаѓа таа реченица, ја запишав и ја искористивме во филмот `Граница’ во кој велам: `Само сакам да направам нешто добро пред да умрам.’ Зарем не го сакаме сите тоа?“

„Во вашиот живот лажете само две лица: вашата девојка и полицијата. На сите други им ја кажувате вистината.“

„Во моментот кога ќе престанете да работите на себе и да учите нови работи, вие сте мртви.“

„Живеам во уверување дека публиката сè уште ме гледа како оној надежен млад актер.“

Прочитајте ги овие 15 инспиративни цитати од контроверзната писателка Анаис Нин.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

  1. Kate Reply

    Se soglasuvam so se ,osven so šestoto ama ako ne beše toa nemaše da ima spieno so nekolku iljadi ženi.

Остави коментар