Моќта на театарот: Зошто театарската уметност има огромно влијание на нашиот личен развој?

Моќта на театарот: Зошто театарската уметност има огромно влијание на нашиот личен развој?

„Целиот свет е сцена и сите мажи и жени се само актери. Тие имаат свои излези и влезови и еден човек игра повеќе улоги во текот на својот живот…“ – Вилијам Шекспир

Театарот е насекаде и тој не познава граници. Дури и да не сте изгледале многу театарски претстави и да не сте прочитале ниту една драма, сепак не можете да побегнете од влијанието на оваа уметност. Сите ние секојдневно користиме голем дел од алатките што ни ги нуди театарот иако не сме ни свесни за тоа. Дали редовно комуницирате со луѓето околу вас? Дали некогаш требало да одржите некаква презентација? Дали сте вршеле самоанализа и сте тонеле во длабоки мисли за вашата личност, обидувајќи се да ја одгатнете смислата на вашето постоење? Дали се сметате себеси за емоционално интелигентни? Сите овие значајни животни вештини ги промовира театарот и има за цел да ги поттикне кај луѓето.

Моќта на театарот: Зошто театарската уметност има огромно влијание на нашиот личен развој?

И покрај тоа, театарската уметност во Македонија се потценува и не го добива вниманието што го заслужува. Мора да признаеме дека во последните години значително се има зголемено посетеноста на театарските претстави, но дали се има зголемено и квалитетот што го нуди репертоарот? Каква е културата на македонските гледачи? Дали тие знаат како да се однесуваат во театар? Можат ли да направат разлика помеѓу добрите и лошите претстави? Или пак одат во театар само за да се смеат на вулгарни и прости шеги?! Одговорот на сите овие прашања за жал не е многу позитивен. Македонската младина нема театарска култура, со чест на исклучоци! Но, дали тоа е нивна вина? Кој е виновен за неуката театарска публика?

Моќта на театарот: Зошто театарската уметност има огромно влијание на нашиот личен развој?

Можеме да ја бараме вината кај родителите кои не ги носеле редовно децата на театар, кај училиштата кои не посветиле доволно внимание на театарското образование, кај општеството со ограничен менталитет, па дури и кај самите театарџии кои ја искористуваат оваа драгоцена уметност за сопствени цели и просперитет, при што, за жал, видно ја изобличуваат и го поништуваат нејзиното првобитно значење. Префрлајте ја топката кому сакате, но вистината е дека (колку и да звучи клише) промената мора да почне од нас самите. Пред да се преземе што било друго, најпрво мора да се подигне свеста кај луѓето за неоспорливата моќ на театарот. Театарската уметност има огромно влијание на нашиот личен развој бидејќи нѐ ослободува од стресот, ги развива нашите комуникациски и презентациски вештини, ни помага да се спознаеме себеси и ја зголемува нашата емоционална интелигенција. Во продолжение прочитајте подетално за театарското влијание на човечкиот напредок…

Моќта на театарот: Зошто театарската уметност има огромно влијание на нашиот личен развој?

Кои се придобивките од театарот за публиката?

ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД СТРЕСОТ

Дали некогаш сте отишле на театарска претстава и сте се чувствувале максимално опуштени по нејзиното завршување? Без разлика дали сте се релаксирале преку смеење или преку ослободување на потиснатите емоции, театарот навистина може да го намали стресот. Според истражувањето на театарскиот педагог м-р Милош Б. Андоновски насловено како „Образовен земјотрес: Воведување на задолжително театарско образование во средношколскиот образовен процес во Македонија“, објавено во Меѓународното научно списание за изведувачки уметности „Ars Academica“, театарот служи како терапија.

„Театарот ја има моќта да нѐ опушти и да нѐ ослободи од стресот, неговата функција е терапевтска без оглед што театарот може понекогаш и да нѐ загрижи или вознемири. Од друга страна, тој го предизвикува чувството за припадност кон колективот и може (без разлика што не секогаш) да ги поврзе, совпадне, регулира и испровоцира емоциите кај публиката. Преку една театарска претстава емотивно се чистиме од сите притисоци“, пишува авторот на истражувањето.

Театарот ја има таа двојна моќ да нѐ насмее или расплаче што ни помага да се соочиме со нашите длабоко скриени емоции и да се ослободиме од нив. На тој начин, ние ја отстрануваме негативната енергија и го намалуваме стресот предизвикан од напорното секојдневие.

Моќта на театарот: Зошто театарската уметност има огромно влијание на нашиот личен развој?

Продолжете на следната страница за остатокот од текстот…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар