1.000 мажи признаваат кое е чувството што никогаш го немаат доживеано

1.000 мажи признаваат кое е чувството што никогаш го немаат доживеано

Порталот за пронаоѓање партнери, Match.com, спровел анкета со цел да ги истражи љубовните животи на повеќе од 5.000 слободни мажи и дошла до изненадувачки, но и прилично песимистички резултати.

Имено, според резултатите вљубеноста е едно од најубавите чувства, но за жал не се случува секому. Љубовта за некои мажи се чини навистина недостижна.

1 000 мажи признаваат кое е чувството што никогаш го немаат доживеано

На испитувањето во кое учествувале повеќе од 5.000 сингл мажи од разни делови од САД, секој 5-ти маж, вкупно 1.000 од испитаните, признале дека никогаш во животот не биле заљубени. Ниту за жените податоците не се баш најоптимистични – 18% од нив признале дека никогаш не почувствувале романтична љубов.

И покрај тоа, многу мажи и понатаму се прилично позитивни кога се работи за љубовта и тоа да ја пронајдат жената на својот живот. Според резултатите од анкетата 95% од мажите веруваат во љубов на прв поглед, а 41% признале дека барем еднаш се имаат заљубено на прв поглед.

Исто така, изненадувачки е и фактот што мажите (од оние кои почувствувале љубов) се заљубуваат почесто од жените. Просечен маж се заљубува 3,7 пати во животот, а жената 2,9 пати. Овој податок може да му се припише на фактот дека жените се помудри кога одбираат во кого да се вљубат.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

  1. Bucko Reply

    Како може мудро да избираш во кого ќе се заљубиш??? Тогаш тоа не е љубов!!!

Остави коментар