Цитати за семејната љубов кои ќе ве разнежнат

Цитати за семејната љубов кои ќе ве разнежнат

Сите знаеме колку семејството е важно, но некогаш можеме да заборавиме на оној круг од личности кои нè сакаат без оглед на сè и кај кои секогаш можеме да се обратиме за помош. Овие цитати ќе ве натераат да се потсетите колку вашето семејство ви е важно.

Цитати за семејната љубов кои ќе ве разнежнат

„Семејството не е важно нешто. Семејството е сè што е важно.“ – Мајкл Џ. Фокс

„Другите работи би можеле да нè сменат, но сè започнува и завршува со семејството.“ – Ентони Брент

„Тоа го прават луѓето кои ве сакаат. Ве прегрнуваат и ве сакаат дури и тогаш кога не сте баш пожелно друштво.“ – Деб Калети

„Човек може да го пропатува светот барајќи го она што му е потребно, но се враќа дома за да го пронајде.“ – Џорџ Мур

„Не ми е грижа колку е сиромав некој човек. Ако има семејство тој е богат.“ – Ден Вилкокс и Тад Мамфорд

„Семејство. Бевме една чудна банда од ликови кои врват низ животот делејќи заразни болести и паста за заби, посакувајќи го туѓиот десерт, криејќи го шампонот, позајмувајќи пари, заклучувајќи се во собите. Во ист здив предизвикувавме болка и бакнувавме за да излечиме. Се сакавме, се смеевме, се чувавме и се обидувавме да ја откриеме нишката која нè држеше сите заедно.“ – Ерма Бомбек

„Нема нешто што може повеќе да те полуди од твоето семејство. Или да направи да се чувствуваш посреќно, или поизиритиранио, или… посигурно.“ – Џим Бучер

„Семејство не секогаш значи крвно сродство. Тоа се луѓето во твојот живот кои сакаат да бидеш дел од нивниот. Оние кои те прифаќаат таков каков што си. Оние кои би сториле сè за да те видат среќен, оние кои те сакаат без оглед на сè.“ – Непознат автор

„Мајките се оние кои нè сакаат без некоја посебна причина. Тие кои се мајки знаат дека таа љубов е најпосебна и најисконска.“ – Меги Гaлагер

„Не си го одбираш своето семејство. Тие се твојот дар од Бог, исто како што си ти нивниот.“ – Дезмонд Туту

„На секој можен начин семејството е линк до нашето минато и мост до нашата иднина.“ – Алекс Хејли

 


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар