10 психолошки факти што ги откриваат мистериите на човечкиот мозок

Научниците имаат откриено голем дел од мистериите на човечкиот мозок со цел подобро да го разберат начинот на кој размислуваат и функционираат луѓето. Време е да дознаете што се случува во вашата глава и како работи вашата свест, а во тоа ќе ви помогнат следниве 10 интересни психолошки факти…

1. Постојано ги менуваме нашите сеќавања

10 психолошки факти што ги откриваат мистериите на човечкиот мозок

Ние ги гледаме нашите спомени како кратки филмчиња или видео клипови. Мислиме дека тие се непроменливи и ги чуваме на безбедно во нашиот мозок. Но, сеќавањата од минатото се менуваат секогаш кога ќе ни поминат низ глава. „Дупките“ во меморијата и неодамнешните настани влијаат на нивната содржина. На пример, сигурно не се сеќавате јасно на сите луѓе кои присуствувале на семејниот собир пред неколку години, но бидејќи тетка ви никогаш не ги пропушта таквите настани, вашиот ум ќе ја вклучи и неа во вашите спомени, дури и да била отсутна.

2. Бројот на пријатели што можеме да ги имаме е ограничен

10 психолошки факти што ги откриваат мистериите на човечкиот мозок

Психолозите и социолозите откриле нешто што се вика бројот на Данбар. Ова е максималниот број на луѓе со кои човек може да изгради блиска врска. Па така, без разлика дали имате илјадници пријатели на Фејсбук, може да остварите вистинска комуникација само со 50-200 од нив.

3. Посреќни сме кога сме зафатени

10 психолошки факти што ги откриваат мистериите на човечкиот мозок

Замислете си дека сте на аеродром и треба да си го земете багажот. За 10 минути стигнувате до лентите и веднаш си го земате куферот. А сега, замислете си една поинаква ситуација. Наоѓате скратен пат и успевате да стигнете до лентата за багаж за само 2 минути. Потоа, чекате 8 минути за да се појави вашиот куфер. И во двата случаи ви требале само 10 минути за да си го земете багажот. Меѓутоа, во второто сценарио, најверојатно би се чувствувале понезадоволни и нетрпеливи. Ова е така поради фактот што на нашиот мозок не му се допаѓа кога не прави ништо и претпочита постојано да биде зафатен. Исто така, за секоја завршена задача, нѐ наградува со допамин, хормон за среќа.

4. Можеме да запомниме само 3-4 работи одеднаш

10 психолошки факти што ги откриваат мистериите на човечкиот мозок

Некои истражувања покажале дека нашиот мозок може да „складира“ само 3-4 информации одеднаш. Освен тоа, овие информации може да се зачуваат само 20-30 секунди. Потоа ги забораваме, освен ако не продолжиме да си го освежуваме сеќавањето одново и одново. На пример, возите и зборувате на телефон (иако не би требало да го правите ова!). Вашиот соговорник ви дава телефонски број, но не можете да го запишете, па затоа се обидувате да го запомните. Го повторувате бројот одново и одново за да го зачувате во вашата краткотрајна меморија додека не се исклучите и не го запишете.

Инаку, фактот што ни е полесно да помниме 3-4 информации одеднаш објаснува зошто толку многу работи содржат 3-4 бројки или линии. Ова се однесува на телефонските броеви, пиновите на кредитните картички и слично.

5. Нашата визуелна перцепција на работите се разликува од нивниот реален изглед

10 психолошки факти што ги откриваат мистериите на човечкиот мозок

Нашиот мозок постојано ги обработува информациите што ги добива од сетилните органи. Ги анализира визуелните слики и ги толкува во форма што можеме да ја разбереме. На пример, причината зошто можеме брзо да прочитаме некој текст е тоа што ние всушност не го читаме текстот. Ние само ги забележуваме првите и последните букви од секој збор и интуитивно го пополнуваме остатокот, врз основа на нашите минати искуства. Слободно можеме да гледаме во група измешани букви и да ги перципираме како вистински зборови!

Продолжете на следната страница за останатите психолошки факти…

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар