10 психолошки факти што ги откриваат мистериите на човечкиот мозок - Part 2

10 психолошки факти што ги откриваат мистериите на човечкиот мозок

6. 30% од нашето време го минуваме во будно сонување

10 психолошки факти што ги откриваат мистериите на човечкиот мозок

Замислете си дека сте на работа и проучувате некој важен документ. Одеднаш сфаќате дека сте ја прочитале истата реченица 3 пати по ред. Наместо да го анализира текстот, вашиот ум талка некаде далеку. Научниците од Универзитетот во Калифорнија тврдат дека секој ден поминуваме 30% од нашето време во будно сонување. Понекогаш, (на пример за време на долги патувања), овој процент се зголемува на 70%, но тука нема ништо лошо. Некои истражувања покажале дека луѓето кои живеат со главата во облаците се покреативни. Исто така, тие подобро ги решаваат проблемите и полесно се ослободуваат од стресот.

7. Постојат 3 работи во животот што не можеме да ги игнорираме: Храна, секс и опасност

10 психолошки факти што ги откриваат мистериите на човечкиот мозок

Дали некогаш сте се запрашале зошто луѓето љубопитно застануваат кога ќе забележат дека имало сообраќајна несреќа? Иако оваа глетка е вознемирувачка за минувачите, тие упорно продолжуваат да зјапаат. Оваа љубопитност е поттикната од страна на нашиот „древен мозок“, дел од мозокот што е одговорен за инстинктот за преживување. Неговата работа е постојано да ја скенира околината и да поставува (и одговара) 3 прашања: „Дали можам да го јадам тоа? Дали можам да имам секс со тоа? Дали тоа може да ме убие?“ Храната, сексот и опасност сѐ уште се основните работи што нѐ одржуваат во живот, па затоа не можеме а да не им обрнеме внимание.

8. Ни треба што е можно повеќе избор

10 психолошки факти што ги откриваат мистериите на човечкиот мозок

За целите на едно истражување, неколку научници поставиле 2 маси во супермаркет. На првата маса ставиле 6 типа мармалад, а на втората 24. 60% од купувачите застанале да ги пробаат мармаладите на првата маса. Меѓутоа, кога станало збор за купување на производот, втората маса била 4 пати попопуларна. Зошто се случило ова? Како што веќе знаеме, нашиот мозок може да се фокусира на 3-4 работи одеднаш. Па така, донесувањето конечна одлука е полесно кога имаме ограничен број на опции. Меѓутоа, секогаш тежнееме кон разновидност. Сакаме да разгледуваме разни производи и затоа постои поголема веројатност дека ќе застанеме на масата со 24 типови мармалад, иако на крајот ќе си заминеме со истиот производ што сме го купувале многу пати претходно.

9. Поголемиот дел од нашите одлуки се несвесни

10 психолошки факти што ги откриваат мистериите на човечкиот мозок

Сакаме да веруваме дека сите наши постапки се последица на внимателно планирање, но во реалноста, 60-80% од нашите секојдневни одлуки се донесени потсвесно. Не размислуваме дали да ги направиме тие работи, туку едноставно ги правиме. Секоја секунда, нашиот мозок добива милиони податоци. За да не дојде до преоптоварување, некои од информациите се сместуваат во потсвеста. Ставањето клучеви во џеб, исклучувањето светла, затворањето влезна врата, сите овие дејства ги изведуваме автоматски, без размислување. За жал, ова честопати доведува до сомневање. На пример, кога ќе стигнеме на работа, почнуваме да се прашуваме дали сме ја исклучиле пеглата за алишта.

10. Невозможно е да се прават повеќе работи одеднаш

10 психолошки факти што ги откриваат мистериите на човечкиот мозок

Некои истражувања покажале дека можеме да извршуваме само една когнитивна активност одеднаш. Обидете се некогаш да зборувате и читате одеднаш или да пишувате писмо додека слушате аудио книга. Најверојатно, нема да постигнете ништо, бидејќи нашиот мозок не може да се фокусира на 2 задачи истовремено.

Меѓутоа, постои исклучок. Ако втората активност е физичка и автоматски (од типот на работите што секојдневно ги извршуваме), тогаш возможно е да се комбинираат двете задачи. На пример, можете да зборувате на телефон додека одите. Но, дури и тогаш има големи шанси да се сопнете и да заборавите до каде сте стигнале со разговорот.

Прочитајте ги и следниве 30 интересни психолошки факти кои сигурно ќе ве замислат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар