30 интересни психолошки факти кои сигурно ќе ве замислат

30 интересни психолошки факти кои сигурно ќе ве замислат

Верувале или не…

(1)-30-interesni-psiholoshki-fakti-koi-sigurno-kje-ve-zamislat-kafepauza.mk

1. Кога сонувате, вашето физичко тело е парализирано.

2. Кога плачете поради тага и болка, првата солза ви потекува од левото око. Кога плачете од радост, првата солза потекува од десното око.

3. Депресијата е резултат на размислување повеќе од потребно, притоа создавајќи проблеми кои никогаш не ни постоеле.

4. Човечкиот ум не може да создава лица, па така, дури и кога мислите дека никогаш во животот не сте ја виделе личноста која ја сонувате, факт е дека тоа се случило, иако можеби било во дел од секунда.

5. 80% од луѓето, до својата 16-та година веќе ја имаат запознаено личноста со која ќе се венчаат.

6. Колку што неуките луѓе имаат тенденција да си ги преценуваат знаењата и можностите, толку и интелигентните луѓе имаат тенденција да се потценуваат.

7. Кога се сеќавате на нешто од минатото, вие всушност се сеќавате на последниот пат кога сте се сетиле на тоа, а не на вистинското случување.

8. 68% од луѓето имаат развиено фантомски синдром на вибрирање што значи дека тие веруваат дека нивниот телефон вибрира дури и кога не е така.

(2)-30-interesni-psiholoshki-fakti-koi-sigurno-kje-ve-zamislat-kafepauza.mk

9. Луѓето кои се дел од религиозни или духовни групи имаат помало ниво на стрес од оние кои не се дел од вакви групи.

10. Половина од светската популација страда од анксиозност, депресија, некаква зависност или комбинација од овие три.

11. Секој има омилена песна која е директно поврзана со некој емотивен настан од нивното минато.

12. Најдобро е да молчите кога станува збор за вашите амбиции и цели бидејќи откако еднаш ќе ги кажете некому, почнувате да ја губите мотивацијата да ги исполните.

13. Всушност, никој не може совршено добро да работи повеќе работи одеднаш.

14. Максималниот капацитет на луѓе со кои човекот може да биде близок е 150.

15. 80% од сите разговори кои ги водите се однесуваат нa некакво жалење за нешто.

16. Умот е најкреативен кога е најуморен.

(3)-30-interesni-psiholoshki-fakti-koi-sigurno-kje-ve-zamislat-kafepauza.mk

17. Постојат само 4 вистински емоции, а не 6 – гадењето и изненаденоста повеќе не се сметаат за дел од таа група.

18. Луѓето се поискрени кога се уморни.

19. Најјасните сеќавања кои ги имате се најверојатно погрешни.

20. Човекот е способен да креира илузија на прогрес во што и да прави само за да се мотивира себеси.

21. Интернетот се смета за зависност и можно е да биде додаден во групата на ментални нарушувања.

22. Вашиот потсвесен ум ги гледа и знае работите и пред вие да сте свесни за нив.

23. Чоколадото ја ослободува истата хемикалија во телото како и љубовта.

24. Музиката има директно влијание врз вашата перцепција на светот.

puzzle

25. Чувството е поубаво кога давате отколку кога добивате.

26. Пеењето ги намалува анксиозноста и депресијата.

27. Способни сте да го намамите умот дека доволно сте спиеле и овој ефект е познат како плацебо ефект.

28. Вашиот мозок го перцепира одбивањето како болка.

29. Губењето на телефонот ја поттикнува истата реакција на телото и мозокот како кога би имале блиска средба со смртта.

30. Кога некому му недостасувате, постои веројатност од 80% дека таа личност ќе се појави во вашите соништа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар