10 неочекувани работи од кои можете да се предозирате

Кога ќе го слушнете зборот предозирање, обично помислувате на некаква дрога. Но не се само уличните дроги и препишаните лекови оние кои можат да предизвикаат штета или смрт. Некои супстанци кои не се сметаат за опасни, или пак дури се сметаат и за здрави, можат да станат отровни ако погрешно ги употребувате. Погледнете некои вакви производи.

1. Сос од соја

(1)10-neobichni-raboti-od-koi-mozhete-da-se-predozirate-kafepauza.mk

Во 2013 година, едно 19-годишно момче од Вирџинија испило 0,9 литри соја сос откако бил предизвикан од пријателите. Тој паднал во кома и речиси умрел поради високото количество сол во неговиот организам. Хипернатремија е состојба кога има премногу сол во телото. Кога крвта станува заситена со сол, таа собира вода од другите делови од телото, вклучувајќи го и мозокот, во обид да ја намали концентрацијата на сол.

Кога мозокот губи вода може да се смали и да крвави. Откако тинејџерот го испил сосот почнал да има напади. Неговите пријатели веднаш го однеле во болница, но додека да стигнат тој веќе бил во кома. Лекарите ја отстраниле солта од неговиот систем користејќи мешавина од вода и шеќерна декстроза. Момчето се разбудило од комата по 3 дена, а лекарите велат дека бил првата личност што преживеала предозирање со толку многу сол без трајни невролошки проблеми.

2. Чај

(2)10-neobichni-raboti-od-koi-mozhete-da-se-predozirate-kafepauza.mk

Човек од Арканзас страдал од проблеми со бубрезите бидејќи пиел премногу леден чај. 56-годишниот човек пиел околу 16 чаши од 240 милилитри секој ден. Во мај 2014 година, тој бил однесен во болница откако се пожалил на вртоглавица, слабост и болки во телото. Лекарите откриле дека неговите бубрези биле екстремно затнати и иритирани.

Го ставиле на дијализа и веројатно ќе ја користи целиот живот. Штетата на бубрезите на човекот била направена од хемикалијата позната како оксалат. Оваа хемикалија се наоѓа природно во црниот чај и храна како спанаќот. Но премногу оксалат може да доведе до оштетување на бубрезите – човекот консумирал 3-10 пати повеќе од нормалното. Најбезбедно е да пиете до 4 шолји чај дневно.

3. Морско оревче

(3)10-neobichni-raboti-od-koi-mozhete-da-se-predozirate-kafepauza.mk

Знаевте ли дека само 4,4 грама морско оревче може да резултира со труење? Обично луѓето кои консумираат големо количество морско оревче го прават тоа за ефектот, бидејќи зачинот има состојка чии халуциногени ефекти се многу слични со оние на ЛСД. Иако морското оревче е легално и лесно за наоѓање, сепак има навистина непријатни несакани ефекти од консумирање големо количество.

Еден час по консумирањето, корисниците обично имаат проблеми со стомакот. По неколку часа може да настанат проблеми со срцето и нервите. Халуцинациите не почнуваат неколку часа по консумирањето, па многу луѓе ќе внесат уште повеќе морско оревче мислејќи дека не зеле доволно првиот пат.

4. Паста за заби

(4)10-neobichni-raboti-od-koi-mozhete-da-se-predozirate-kafepauza.mk

Премногу паста за заби може да има трагични резултати. Во раните 1990-ти на пастите имало предупредување да не се голта. Бидејќи од Администрацијата за храна и лекови сметале дека тоа предупредување не бил доволно, во 1997 година се додало предупредување за труење кај пастите со флуор.

Ако голтнете големо количество паста која содржи флуор, може да биде фатално. Децата се посклони кон труење со флуор бидејќи имаат помали тела. Едно шише детска паста за заби со флуор има доволно флуор да убие дете кое тежи помалку од 30 килограми.

5. Зелени зеленчуци

(5)10-neobichni-raboti-od-koi-mozhete-da-se-predozirate-kafepauza.mk

Овие зеленчуци се полни со антиоксиданси и често се препорачуваат поради здравствените придобивки, но ако се консумираат во големо количество, може да дојде до негативни резултати. Во 2011 година една маж бил хоспитализиран откако се предозирал со прокељ на една божиќна вечера. Мажот имал вештачко срце и примал антикоагуланси. Како и повеќето зелени зеленчуци, така и прокељот има многу витамин К кој го поттикнува згрутчувањето на крвта. Кога ефектот на витаминот почнал да се спротивставува на лекот, тој почнал да чувствува проблеми со срцето. За среќа, лекарите навреме откриле што е проблемот и човекот закрепнал.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар