10 најнови туристички атракции

Секаде се гради по нешто ново и затоа секаде има по некоја нова туристичка атракција која привлекува посетители кои сакаат да ја видат. Овие десетина од најновите се отворени неодамна или се очекува да бидат отворени во секој момент.

1. Стаклениот под на Ајфеловата кула во Париз

Ајфеловата кула доби нов интересен детаљ. Сега покрај одличниот поглед околу неа, благодарение на новиот стаклен под на првиот кат ќе можете да погледнете како е и под неа.

10 најнови туристички атракции

2. Гудс Лајн во Сиднеј

Оваа новоизградена пешачка патека во Сиднеј ги поврзува Дарлинг Харбор и Технолошкиот универзитет. Покрај неа ќе има и бројни кафулиња како и амфитеатар за настани на отворено.

10 најнови туристички атракции

3. Фабриката за алкохол во Лејверстоук, Англија

Фабриката за алкохол Бомбај Сафир сместена во малото англиско село Лејверстоук неодамна доби стаклени куќи кои изгледаат како да се исфрлени од самата фабрика. Иако таа не е стара како другите на островот, се очекува новата архитектура во малото живописно село да добие посетители кои се љубители на алкохолот.

10 најнови туристички атракции

4. Музејот за човекови права во Винипег, Канада

Новата модерна стаклена зграда ќе биде дом на изложби поврзани со холокаустот, етничкото чистење во Босна, животот на Нелсон Мандела и сите други настани поврзани со човекови права.

10 најнови туристички атракции

5. Марктал, Ротердам

Ротердам е исполнет со модерна и кул архитектура. Најновото од неа е Марктал, зграда со 230 станови која е изградена во облик на потковица. Под неа има зелен пазар.

10 најнови туристички атракции

6. Ролеркоустерот Бетмен во Сан Антонио, САД

Тој се очекува да стане ролеркоустерот кој секој трагач по адреналин ќе сака да го посети. Тоа ќе биде најдолгиот 4Д ролеркоустер во светот.

10 најнови туристички атракции

7. Конгресниот центар во Краков, Полска

Оние што ја посетиле Полска не се навикнати на вакви градби, но жителите на Краков се горди на нивниот нов модерен конгресен центар. Тој ќе биде првенствено наменет за концерти.

10 најнови туристички атракции

8. Кулата Шангај

Новата кула во Шангај е втора по големина во светот, веднаш зад Бурџ Калифа во Дубаи. Висока е 610 метри и се надвиснува на реката Хуангпу. Се разбира, сместена е во модерниот деловен дистрикт во градот.

10 најнови туристички атракции

9. Велосипедската патека во Нунен, Холандија

Оваа велосипедска патека по цел ден црпи сончева енергија која навечер ја претвора во ѕвездено небо. Инспирирана е од сликата „Ѕвездена ноќ“ на Винсент Ван Гог.

10 најнови туристички атракции

10. Музејот на утрешнината во Рио де Жанеиро

Дизајнирана од легендарниот архитект Сантијаго Калатрава, бразилскиот музеј на утрешнината има облик на риба и со главата е свртен кон океанот. На неговата програма ќе има интерактивни изложби поврзани со климатските промени, растот на бројот на населението и за тоа како нашите денешни дејства влијаат на иднината.

10 најнови туристички атракции

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар