Бетмен: возење – најлудата луда железница во светот

Трагачите по адреналин можат да престанат со барање на својот нов предизвик. Ние го пронајдовме. Се работи за ролеркостерот „Бетмен: возење“ кој ќе овозможува незаборавно искуство за оние кои ќе имаат храброст да се качат на него. Според компанијата која го дизајнирала, „Six Flags“, ова е првиот 4Д ролеркостер во светот. Тој развива брзина од 90 км на час, има слободен пад од 100 метри и 6 превртувања кои симулираат реално искуство на испаѓање од седиштето. Возењето трае 100 секунди, но за да ги издржите треба да имате јак желудник. Ролеркостерот ќе биде пуштен во јули, 2015 во Сан Антонио, Тексас.