Поучна приказна: Поглед низ нечист прозорец

Млад пар се преселиле во нова куќа. Првото утро, додека појадувале, жената набљудувала како нејзината сосетка пружува алишта да се сушат.

„Облеката не ѝ е многу чиста“, рекла таа. „Не знае како се перат алишта, а можеби ѝ треба и подобар прашок.“

Нејзиниот сопруг погледнал кон сосетката, но не рекол ништо. Во текот на наредните неколку дена, младата жена постојано го давала истиот коментар.

Поучна приказна: Поглед низ нечист прозорец

По месец дена, жената се изненадила кога здогледала прекрасно чисти алишта во дворот на сосетката и му рекла на својот сопруг:

„Погледни, таа конечно научи како се перат алишта. Се прашувам кој ѝ помогнал во тоа?“

На тоа мажот ѝ одговорил:

„Јас утрово станав порано и ги исчистив нашите прозорци.“

Истото се случува и во животот. Тоа што го гледаме додека ги набљудуваме другите, зависи од чистотата на „прозорецот“ низ кој гледаме…

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар