Како да препознаете лажен профил на Фејсбук?

Поголемиот дел од лажните профили се направени со цел да се шират спам-пораки и вируси ширум мрежата, но Фејсбук сè уште нема начин да го спречи нивното создавање. Од вкупно 1,35 милијарди корисници, се верува дека помеѓу 20 и 30 проценти се лажни профили. Токму затоа погледнете ги следниве знаци според кои можете да препознаете дали станува збор за лажен профил…

Како да препознаете лажен профил на Фејсбук?

1. Проверете ги фотографиите

Ова е најбрзиот и најпрецизен начин за да проверите нечиј профил. Симнете ја профилната фотографија, отворете на Гугл и одберете ја опцијата за пребарување фотографии. Откако ќе ви се отвори нова страница, повлечете ја фотографијата од вашиот компјутер во просторот за пребарување на Гугл и ќе го добиете изворот на таа фотографија. Доколку не наоѓате ништо, фотографијата не е преземена од веб-сајт.

2. Број на фотографии

Поголемиот дел од лажните профили имаат само една фотографија. Истражувањата покажуваат дека повеќе од 2/3 од личностите кои ги креираат овие профили поставуваат само една единствена фотографија.

3. Проверете го тајмлајнот

Лажните профили најчесто немаат никакви содржини на својот „ѕид“ или пак, таму се наоѓаат само информациите за профилната фотографија и/или каверот.

4. Поголемиот дел од лажните профили се женски

Истражувањата покажале дека поголемиот дел од лажните профили кои постојат на Фејсбук се женски и често содржат провокативна профилна фотографија или име.

5. Проверете ги пријателите

Доколку личноста која ве додала за пријател на Фејсбук нема ниту еден заеднички пријател со вас, тогаш големи се шансите дека се работи за лажен профил. Но, дури и да имате мал број заеднички пријатели, доколку не ја познавате оваа личност, пред да ја прифатите, прво добро проверете за кои пријатели станува збор, што лајкувала, во кои групи спаѓа и слично со цел да дојдете до дополнителни информации…

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар