10 факти за Земјата што сигурно не сте ги знаеле

Низ историјата, човештвото не успеало да научи сè за нашата планета. Но фактите што се појавуваат се толку неверојатни што нè тераат да продолжиме со истражување на нашиот свет. Погледнете ги овие неверојатни факти за Земјата што веројатно ги немате слушнато.

1. Озонската дупка се намалува

10 факти за Земјата што сигурно не сте ги знаеле

Истражувањата покажале дека во 2015-та година во споредба со 2000-та година озонската дупка на Антарктикот се намалила за 4 милиони километри квадратни. Протоколот Монтреал, интернационален договор кој отстрани многу од нештата одговорни за уништување на озонот се смета како еден од најважните и најуспешните интернационални договори за околината. Научниците одамна тврдеа дека озонската дупка се намалува, но сега имаат и доказ за тоа.

2. Најниската температура измерена на Земјата е -89,44 степени Целзиусови

10 факти за Земјата што сигурно не сте ги знаеле

Температурата е измерена на студен летен ден во станицата Восток на Антарктикот, на 23-ти јули 1983-та година.

3. Пролетта патува со брзина од околу 0,9 метри во секунда

10 факти за Земјата што сигурно не сте ги знаеле

Научниците успеале да ја пресметаат оваа брзина следејќи ја брзината на цутење на разни растенија на различни територии.

4. Тиан Шан е единствената планина на која вашиот крвен притисок нема да се зголеми

Покачувањето на крвниот притисок е сосема нормална појава кај луѓето кои се качуваат на планина. Но постои само едно место на Земјата на кое не се случува ова – Тиан Шан. Ова место е рај за луѓето со висок крвен притисок. Локалните жители имаат многу понизок крвен притисок за разлика од луѓето кои живеат во рамнината.

5. Почвата на островот Кимолос содржи течен сапун

10 факти за Земјата што сигурно не сте ги знаеле

Кимолос, грчки остров во Егејското Море, има навистина интересна особина. Кога врне, островот е покриен со пена од сапун. Причината е што почвата на островот содржи глина сапун, односно природен сапун кој го употребуваат локалните жители.

Продолжува на следната страница

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар