12 нешта што милениумците мора да им ги објаснуваат на нивните родители

Слободно може да се каже дека милениумците се многу неразбрани од нивните родители. Од трендови и стил, до приоритети и технологија, факт е дека нивниот живот е многу поразличен во споредба со оној на родителите. Се разбира, сигурно не очекувате мајка ви и татко ви да знаат сè за Фејсбук, Инстаграм или Снепчет, но понекогаш е навистина смешно колку не ги разбираат вашите шеги и пораки. Па, погледнете кои се 12-те нешта што постојано мора да им ги објаснувате на вашите родители.

12 нешта што милениумците мора да им ги објаснуваат на нивните родители

1. Како функционираат апликациите за состанување

Вашите родители немале нешто вакво. Подгответе се да објаснувате како може да ви се допадне некоја личност само од фотографија и неколку реченици. Исто така подгответе се за долг разговор за тоа како вашите родители се вљубиле без помош на овие апликации.

2. Зошто постојано ја фотографирате вашата храна

Повеќето луѓе ги фотографираат милениците, достигнувањата и прославите. Но, штом ќе направите фотографија од вашата чинија, мора да им објасните на родителите дека вашиот оброк е навистина фотогеничен и не сакате да го заборавите.

3. Како вашата работа од дома е вистинска работа

Голема е веројатноста вашите родители да се навикнати на нормалното работно време од 8 до 16 часот. Кога ќе им кажете дека работите од дома, мора да им ги објасните сите детали. За среќа, на крај сигурно ќе бидат воодушевени од вашиот успех.

4. Концептот „Нетфликс и опуштање“

Во овој случај имате два избора. Можете навистина да им кажете на што се однесува оваа фраза, или едноставно да им кажете дека ќе гледате некоја серија со друштвото.

5. Двопек со авокадо

Овој едноставен оброк станува сè попопуларен. Навистина е вкусен и ве заситува. Вашите родители веројатно се прашуваат дали воопшто го јадете бидејќи постојано го фотографирате.

6. Што значи да се живее најдобриот живот

Дали некогаш сте им кажале на родителите дека едноставно сакате да го живеете најдобриот живот? Тие сигурно знаат дека станува збор за нешто позитивно, но сепак потребно е детално да им објасните.

7. Кратенките што ги употребувате во пораките

Нема личност која не користи кратенки кога пишува пораки. За вашите родители ова е целосно непознат јазик.

8. Зошто употребувате емотикони за комуникација

Одговарањето со емотикони воопшто не е неучтиво. Понекогаш не знаете што да кажете, но вашето лице може да каже многу. За среќа, за тоа постојат емотиконите. Можеби ќе почнат и тие да ги употребуваат штом добро ќе им ги објасните.

9. Од каде ги добивате сите новости

Вашите родители никогаш не ве виделе да читате весник, но свеснисе дека ги знаете најновите настани. Можеби ќе сфатат дека социјалните мрежи се најдобриот медиум што постои денес.

10. Зошто ви требало толку долго да ја прифатите нивната покана за пријателство

Интернетот може да биде навистина искрен кога не треба. Вам ви е јасно дека пред да ја прифатите нивната покана за пријателство на Фејсбук треба да им објасните дека не треба да ја анализираат секоја ваша објава.

11. Како јавна личност може да го „скрши“ Интернетот

Според вашите родители, Интернетот не е нешто што можете да го допрете, ниту пак да го скршите. Па, кога ќе слушнат дека некоја позната личност го срушила Интернетот, мора да им објаснувате за што всушност станува збор.

12. Како може да ви биде, но и да не ви биде криво

Родителите секогаш ве учеле да се извинувате искрено. Кога прв пат сте се извиниле, а потоа сте кажале дека не ви е криво, вашите родители сигурно биле збунети. Вашиот сарказам ви донел неволја.

Дознајте и кои се најчестите причини поради кои милениумците посетуваат психолог.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар