10 факти за Земјата што сигурно не сте ги знаеле - Part 2

10 факти за Земјата што сигурно не сте ги знаеле

6. Тектонските плочи ја штитат Земјата од прегревање

10 факти за Земјата што сигурно не сте ги знаеле

Земјата е единствената позната планета со тектонски плочи. 7 џиновски плочи (континенти) се движат во разни насоки. Благодарение на тектонскиот систем, постои циркулација на јаглерод што го спречува прегревањето на планетата.

7. Реката Амазон има подземен близнак

10 факти за Земјата што сигурно не сте ги знаеле

Хамза е неофицијална река што тече паралелно со Амазон околу 3.900 метри под земја. Долга е околу 5.000 километри и широка е 399 километри. Хамза истекува во Атланскиот Океан, длабоко под површината.

8. Суперконтинентот Пангеа повторно се враќа

10 факти за Земјата што сигурно не сте ги знаеле

Пред околу 300 милиони години, речиси целата земјена површина на планетата била еден суперконтинент наречен Пангеа. Подоцна континентот се поделил на 2 дела, и секој дел продолжил да се дели. Првиот дел биле денешните Африка, Јужна Америка, Антарктик, Индија и Австралија, а вториот Евроазија и Северна Америка. Пред околу 150 милиони година Индија се одделила од Антарктикот, а Африка од Јужна Америка. Пред 60 милиони години Северна Америка се одделила од Евроазија. Според научниците за околу 250 милиони години континентите ќе се спојат во нов суперконтинент.

9. За 25 години Антарктикот изгубил 3 трилиони тони мраз

10 факти за Земјата што сигурно не сте ги знаеле

Неодамнешните истражувања покажале дека Антарктикот изгубил 3 трилиони тони мраз за само 25 години. Во 2017 година од Антарктикот се оддели ледениот брег Ларсен С што тежи повеќе од 1 трилион тон и е половина од големината на Јамајка.

10. Големата сенка што ја покрива Земјата може повторно да се види во 2034-та година

10 факти за Земјата што сигурно не сте ги знаеле

Јапонскиот сателит Himawari 8 фотографирал необичен феномен во 2016-та година. На почетокот на планетата било ден, а потоа целата планета била покриена со огромна сенка. Видеото било направено на 9-ти март за време на соларна еклипса. Следниот пат кога ќе можете да сведочите на овој неверојатен феномен е пролетта во 2034-та година.

Прочитајте ги и овие 50 неверојатни факти за Земјата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар