Учете од најдобрите универзитети во светот: 15 бесплатни онлајн курсеви за водење бизнис - Part 2

Учете од најдобрите универзитети во светот: 15 бесплатни онлајн курсеви за водење бизнис

Учете од најдобрите универзитети во светот: 15 бесплатни онлајн курсеви за водење бизнис

6. Бихејвиоралната економија во практика (Behavioral Economics in Action)

Универзитет: Торонто

Почеток: 6 октомври

Потребно време: 6 недели, 4-5 часа работа секоја недела

Што ќе научите: Овде ќе научите како можете да ги искористите принципите и методите на бихејвиоралната економија со цел да го смените однесувањето, да ја подобрите состојбата во претпријатието и да создадете подобри производи и услуги.

Линк за регистрација

7. Пристапот на дизајнирање на Делфт (Delft Design Approach)

Универзитет: Делфт

Почеток: 22 октомври

Потребно време: 6 недели, 6-8 часа работа секоја недела

Што ќе научите: Ова е вовед во основите и методите на пристапот на дизајнирање на производи и услуги создаден од универзитетот Делфт. Се однесува на креативно размислување и решавање на комплексни проблеми во бизнисот.

Линк за регистрација

8. Продажба преку задоволството на купувачот (Selling Through Customer Satisfaction)

Универзитет: Санстоун Бизнис Скул

Почеток: 11 октомври

Потребно време: 2 недели, 7-8 часа работа секоја недела

Што ќе научите: Како да продавате на начин што вашите задоволни купувачи или корисници на услугата ќе ве препорачуваат на други.

Линк за регистрација

9. Подобра транзиција (Power Onboarding)

Универзитет: Нортвестерн

Почеток: 12 октомври

Потребно време: 6 недели, 3-4 часа работа секоја недела

Што ќе научите: Со пауер онбординг план, односно план за подобра транзиција, ќе имате многу подобри резултати во транзицијата од едно на друго работно место. Курсот ќе ве снабди и со алатки за побрзо искачување во корпоративната хиерархија.

Линк за регистрација

10. Лидерство: идентитет, влијание и моќ (Leadership: Identity, Influence and Power)

Универзитет: МГСМ

Почеток: 20 октомври

Потребно време: 5 недели, 2-4 часа работа секоја недела

Што ќе научите: Курсот ги обработува сознанијата од најновите истражувања кои говорат што може да преземе секој за да биде успешен лидер.

Линк за регистрација
За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар