Период на успеси и подобрување на финансиите: Неделен хороскоп од 29 ноември до 5 декември

Период на успеси и подобрување на финансиите: Неделен хороскоп од 29 ноември до 5 декември

Оваа недела многумина од хороскопските знаци ги очекува успех на професионален план. Прочитајте во продолжение како универзумот ќе му биде наклонет на секој од хороскопските знаци во поглед на кариерата, бизнисот, финансиите и семејните односи.

Период на успеси и подобрување на финансиите: Неделен хороскоп од 29 ноември до 5 декември:

Овен

Оваа недела ќе воспоставите добри односи со вашите претпоставени што ќе ги подобри вашите можности за кариера. Во овој период ќе завршите и дел од веќе започнатите проекти. Деловните луѓе родени во овој знак ќе продолжат да редат успеси. Големи се шансите да добијат бенефит од странски извори. Ова е време и кога треба повеќе да се посветите на семејството како и на потребите на вашите најблиски. Сите патувања што ќе ги направите во однос на работата ќе бидат успешни. Финансиската состојба во домот ќе биде подобрена.

Бик

Овие денови ќе постигнете голем успех на работа. Вашата упорност и трудољубивост ќе вроди со поволни резултати. Некои од луѓето родени во овој знак ќе бидат унапредени, а со тоа ќе им се зголеми и обемот на работа. Ако се занимавате со бизнис, односите со деловниот партнер можат да бидат нестабилни па затоа најдобро би било да одбегнувате конфликти. Внимавајте и на односите со вашите најблиски. Од друга страна, доколку започнувате нешто ново, ќе добиете поддршка од вашите браќа и сестри. Не игнорирајте ги болките во стомакот.

Близнаци

Оваа недела ќе бидете особено љубопитни во поглед на духовната сфера. Во вашиот ум ќе се појави силна желба за промена на работното место, па така ќе почнете да работите во таа насока. Вашиот углед ќе се зголеми, а и односот со вашите надредени ќе се подобри. Бизнисмените ги очекуваат нови инвестиции. Приходите ќе се зголемат, а тоа може да ви биде од помош за исполнување на вашите желби и замисли. Внимавајте на сезонскиот грип.

Рак

Оваа недела ќе бидете склони кон купување производи за подмладување. Ќе ве привлекува спротивниот пол и ќе копнеете по грижлив партнер. На финансиски план, постои шанса за губење пари затоа не е препорачливо вложувањето пари во овој период. Постои шанса за трансфер на вашето работно место како и службени патувања кои ќе се покажат корисни за вашата кариера. Успесите на работното место ќе ве направат задоволни и самоуверени.

Лав

Доколку се занимавате со бизнис, оваа недела имате можност да заработите голем профит. Постојат и големи шанси за проширување на бизнисот. Останатите имате можност да бидете унапредени на работното место. Постои веројатност да добиете парични добивки од неочекувани извори. Доколку учите или студирате, вашиот труд ќе биде награден. Односите со партнерот можат да бидат непријатни затоа што ве очекуваат несакани расправии. Внимавајте на вашата исхрана.

Девица

Оваа недела можеби ќе треба да работите повеќе за успешно и навремено да ги завршите вашите работни задачи. Ова може да доведе до одложување на дел од помалку приоритетните задачи што може да ве вознемири. Обидете се да се прилагодите на вашето работно место. Вашата мајка можеби ќе има проблеми поврзани со здравјето и ќе ѝ биде потребно вашето внимание. Можни се и семејни расправии. Во таква ситуација, воздржете се од конфликт со вашите најблиски. Можеби ќе бидете принудени и да отпатувате некаде што дополнително ќе го зголеми вашиот ментален стрес.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар