Оваа апликација ви помага да го чуете и споделите срцебиењето на вашето неродено бебе

Можеби еден од највозбудливите моменти од бременоста е кога за прв пат ќе го чуете срцебиењето на вашето бебе. Тоа е магично, необјасниво и… нешто што сега и самите можете да го доживеете со помош на вашиот смартфон. Бесплатно.

(1) Оваа апликација ви помага да го чуете и споделите срцебиењето на вашето неродено бебе

Bellabeat Shell е нова апликација која го следи и зачувува срцебиењето на вашето неродено бебе. Едноставно симнете ја, допрете го микрофонот на смартфонот до вашиот стомак и почнете со снимање. Откако ќе го зачувате документот на вашиот телефон, не само што можете да го преслушате, туку исто така имате можност и да го споделите со вашите пријатели и семејството. Технологијата е неверојатна, се согласувате?

(2) Оваа апликација ви помага да го чуете и споделите срцебиењето на вашето неродено бебе

Постои само една мала забелешка. Колку повеќе месеци се поминати, толку подобро таа работи, па затоа најдобро е да почекате до 7-от месец со цел да го доживеете искуството во целост. Па мајки, што мислите, би ја пробале оваа апликација која ќе биде достапна некаде околу средината на декември?

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар