8 трикови за поголемо уживање на Јутјуб

Сигурно има нешто што ве нервира на Јутјуб и би сакале да го смените. За среќа, веќе постојат решенија за тоа.

8 трикови за поголемо уживање на Јутјуб

1. Старт на видеото од определен момент

Ако сакате да споделите само одреден дел од видеото со други корисници на социјалните мрежи, Јутјуб има опција која го овозможува тоа. Не мора да ги информирате другите кога почнува делот во кој се содржани работите кои сакате да ги видат, туку треба во линкот на видеото да додадете еден дел. Ако, на пример сакате видеото да стартува после 1 минута и 59 секунди, ќе додадете #t=01m59s. На крај, УРЛ-то ќе изгледа вака:

8 трикови за поголемо уживање на Јутјуб

Кога некој ќе кликне на овој линк, видеото ќе стартува од 1:59.

2. Бескрајно повторување на исто видео

На некој начин, Јутјуб има ауториплеј копче и нема потреба постојано да притискате плеј кога ќе се опседнете со некоја песна. InfiniteLooper.com е сервис кој го исправа недостатокот на Јутјуб. Таму има линкови до сите видеа на видео сервисот, а под нив и можност да определите дека сакате некое видео да стартува одново секогаш штом заврши.

8 трикови за поголемо уживање на Јутјуб

3. Автоматско стартување на HD верзиите на видеата

За да ги гледате само супер квалитетните верзии на видеата потребно е да инсталирате една екстензија за Гугл Хром или Мозила Фајрфокс. Таа се вика Magic Actions for Youtube и со овозможување на опцијата Auto HD, Јутјуб ќе ви ги пушта само верзиите во висока резолуција, кога она што сакате да го гледате има таква верзија.

8 трикови за поголемо уживање на Јутјуб

4. Поефикасно пребарување видеа

Впишете allintitle: пред клучните зборови со кои сакате да пребарувате и Јутјуб ќе ви ги даде само видеата кои ги содржат тие клучни зборови. На пример, allintitle: Coldpay Paradise Live in Paris.

Ако сакате да изземете некој збор од пребарувањето, ставете – (минус) пред зборот кој сакате да биде изземен. На пример, Coldplay Live in Paris –Paradise.

8 трикови за поголемо уживање на Јутјуб

5. Отстранување на белешките

Белешки, или анотации, се оние квадратчиња и правоаголничиња кои се појавуваат на видеата и бараат да кликнете на нив, но не се реклами. Тие се поставени од страна на тој што го качил видеото на Јутјуб и може да се тргнат. Кликнете на вашиот профил на Јутјуб, потоа на копчето со запчаникот кое ќе ве однесе во Youtube Settings. Потоа од левата страна кликнете на Playback, па тргнете ја ознаката од Show annotations, channel promotions and interactive cards on videos.

8 трикови за поголемо уживање на Јутјуб

6. Гледање видеа со слаба брзина на интернет

Гледањето видеа на Јутјуб е тортура кога интернетот не е доволно брз. Кога сивата лента на плеерот тешко ја добива битката со црвената, тогаш многумина оставаат видеото целосно да се баферира за да можат да ги изгледаат на раат. Можете да го натерате видео сервисот да не ги пушта видеата додека не се баферираат до крај со екстензија за Гугл Хром и Мозила Фајрфокс која се вика SmartVideo for Youtube. Откако ќе ја инсталирате, ќе видите една дополнителна опција на дното на видеото, а таму во Global Preferences треба да означите Smart Buffer.

8 трикови за поголемо уживање на Јутјуб

7. Автоматско стартување на видеата

Ако не сакате Јутјуб автоматски да ги стартува видеата штом кликнете на нив, туку сакате вие да стиснете плеј за тоа да се случи, потребно е да ја инсталирате и активирате екстензијата Stop Autoplay. Од тој момент овој проблем станува минато. Истото е можно и со претходните екстензии.

8 трикови за поголемо уживање на Јутјуб

8. Гледање видеа во забавена или забрзана снимка

Ако гледате видео во кое работите се случуваат многу брзо, а сакате да не ги пропуштите малите детали, можете да го гледате во забавена снимка. Кликнете на Settings на дното на видеото, а потоа во Speed одберете ја и брзината.

8 трикови за поголемо уживање на Јутјуб

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар