7 трикови кои ќе ви го олеснат животот на Фејсбук

Сигурно има нешто на Фејсбук кое многу ве нервира, но не мора да се откажувате од социјалната мрежа само заради тоа. Следете ги овие трикови и животот на Фејсбук ќе ви стане полесен.

7 трикови кои ќе ви го олеснат животот на Фејсбук

1. Средете ја листата на пријатели

Сите Фејсбук пријатели не ви се пријатели. Некои се блиски пријатели, некои само пријатели, и други се познаници. За да ја уредите вашата листа на пријатели на ваков начин, одете на профилот на пријателот, кликнете на копчето Friends, па оттаму префрлете гo во листата на познаници или блиски пријатели. Потоа можете да одлучувате кој тип пријатели каков тип од вашите содржини ќе можат да видат. Можете да си креирате и свои персонализирани листи.

2. Ако ве означуваат на секакви слики

Спречете го означувањето на ужасни слики преку опцијата Timeline and Tagging во менито Settigns, а потоа во Review posts that friends tag you in before they appear on your Timeline? (Кој да управува со означувањата кои ги додаваат луѓето и со предлозите за означување?). Преку оваа опција можете да определите никој да не ве означува, да ги прегледувате и да ги одобрувате означувањата, кој да ги гледа објавите во кои сте означени, итн.

3. Исклучете го автоматското пуштање на видеата

Фејсбук автоматски ги пушта видеата штом ќе поминете со стрелката врз нив. Исклучете ја оваа опција така што ќе одите Settings, оттаму одете во Video, па во Auto-play videos селектирајте Off.

7 трикови кои ќе ви го олеснат животот на Фејсбук

4. Додајте прекар или моминско презиме

На Фејсбук можете да го додадете вашиот прекар по кој многумина ве знаат или пак вашето моминско презиме кое веќе не го користите. Во делот About кликнете на Details About You, потоа на Add a nickname, a birth name…, внесете го името и зачувајте.

5. Блокирајте ги поканите за игри

Подетално за тоа како да ги блокирате поканите за игри прочитајте на овој линк. Но, на тој начин можете да блокирате некого да ви праќа покани само за одредена игра. Ако сакате да блокирате одредена личност да ви праќа покани за која било игра, тогаш пронајдете го делот за блокирање во Settings и потоа во Block invites from впишете го името на таа личност.

6. Не ги следете луѓето кои ве нервираат

Ако имате пријатели кои ве нервираат со своето онлајн однесување, но поради некоја причина не сакате да ги отстраните од листата на пријатели, можете да престанете да ги следите. Така никогаш нема на почетната страница да видите ништо од нив. Одете на која било нивна објава, притиснете на копчето кое личи на V во горниот десен агол и изберете ја опцијата за отследување.

7. Ако не сакате другите да видат кои страници ви се допаѓаат

Ако не сакате другите да видат кои страници ви се допаѓаат, можете да ги скриете. Во делот About, покрај секој дел има едно мало моливче на кое треба да кликнете за да можете да менаџирате што ќе се гледа, а што не. Оттаму можете да определите да не се гледаат одредени работи, како филмови, книги, музички страници итн. Тргнете го знакот за штиклирање, кликнете на Save, и готово.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар