Како да ги блокирате барањата за игри и апликации на Фејсбук?

Сигурно имате барем неколку пријатели кои редовно ве нервираат со здодевните барања за разни игри и апликации на Фејсбук. За да ја избегнете непотребната нервоза и гневните статуси со кои барате да ве остават на мира, следете ги следните три едноставни чекори со кои ќе ги блокирате овие барања.Како да ги блокирате барањата за игри и апликации на Фејсбук1. На почетната страна, на левата страна во долниот дел притиснете на Apps and Games и ќе ви се отворат сите барања. Ако не го забележувате Apps and Games, притиснете на More и тоа ќе се појави.

2. Со курсорот поминете над барањето и во горниот десен агол ќе се појави мал знак X. Притиснете на него.

3. Сега на располагање ќе ви излезат сите опции за блокирање. Можете да ги блокирате сите барања од конкретната игра, по што веќе нема да добивате никакви барања во врска со неа (на пример Block Bubble Saga). Сепак, пријателите кои ви испратиле барање за таа игра ќе можат да испратат барање за некоја друга игра или апликација.

Доколку некој пријател постојано ве бомбардира со барања за разни игри, можете да ги блокирате сите барања од него, и тоа со притискање на Ignore all requests from Име. Тој веќе нема да може да ви испраќа барања, но други пријатели кои сè уште не сте ги блокирале ќе можат да ви праќаат барања за истите игри и апликации, доколку претходно не сте ја блокирале само играта или апликацијата.Како да ги блокирате барањата за игри и апликации на Фејсбук


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. ganimet Reply

    kade se pojavuva toj X oti jas ne go gledam :/// ??

  2. ganimet Reply

    aaaaaa go najdov hihihi :PPP

Остави коментар