15 одлични апликации што ќе ве направат попродуктивни
6. Brain.fm

Со оваа апликација можете да најдете музика за работа, спиење или медитирање. Мелодиите ќе ви помогнат да се фокусирате, да се релаксирате или брзо да заспиете. Достапна е за iOS и Android.
7. Trello

Oва е еден од најпопуларните онлајн системи за менаџирање. Често е побарувана од малите компании. Ви помага ефективно да ја организирате работата, а обврските се сортирани во зависност од нивната имплементација. Достапна е за iOS, Android и Windows.
8. Coach.me

Со оваа апликација вашите цели се претставени како игра. Само додајте што е она што сакате да го правите и апликацијата ќе ве потсетува секојдневно. Достапна е за iOS и Android.
9. Dropbox

Колку пати сте изгубиле документи и фотографии само затоа што ви се расипал компјутерот? Оваа апликација е за онлајн чување документи и фотографии. Можете да им пристапите од секаде и во секое време. Достапна е за iOS, Android и Windows.
10. Flipboard

Оваа апликација е за луѓето кои отвораат над 5 апликации наутро за да ги проверат вестите и пријателите на Фејсбук, Твитер и Инстаграм. Апликацијата ви дава податоци од сите поврзани социјални мрежи. Достапна е за iOS, Android и Windows.
Продолжува на следната страница…





























