Кои 4 работи треба да ги направите до крајот на летото за да имате успешна есенска сезона?

Кои 4 работи треба да ги направите до крајот на летото за да имате успешна есенска сезона?

Летото сега е во полн ек, се релаксирате покрај вода, уживате во сонцето, но летниот период може да биде одличен и за планирање. Дури и кога седите на лежалка покрај море можете да работите на вашите нови соништа.

Кои 4 работи треба да ги направите до крајот на летото за да имате успешна есенска сезона?

Секоја сезона носи свеж воздух, желба за промени, здрави навики и нови цели. Доколку сакате есента како период по летото да ви ги донесе најубавите плодови, време е да се посветите на организацијата на вашето време уште сега.

Дури и ако е уште лето, за големите планови е потребно време. Така, можете да ги планирате следните неколку месеци од сега, за да избегнете стрес и анксиозност во септември, кога ќе се чувствувате преоптоварени да преземете каква било акција.

Ако ги направите овие 4 чекори до крајот на летото, може да имате повеќе успех во есента отколку што сте замислиле:

1. Направете генерален план

Новата сезона е одлична можност да започнете нов план, со свежа енергија. Затоа, имајте на ум одредени насоки. На пример, замислете дека конечно ќе присуствувате на курсот на кој сакате да се запишете или дека ќе научите некој странски јазик. Не мора детално да ги планирате сите ваши акции, доволно е да имате општа идеја за претстојниот период.

2. Организирајте ги вашите цели

Што сакате од оваа есен? Повеќе мир, акција, внимание, релаксација или решителност? Важно е да бидете свесни за тоа што ви треба и да преземате конзистентни чекори додека не стигнете таму каде што сакате да бидете. Откако ќе одредите што сакате, време е да се запрашате што треба да направите за да ги постигнете вашите цели. Тоа може да се однесува на запишување курс или дури и на универзитет, инвестирање во бизнис или нешто специфично што ќе ви помогне да започнете да работите кон вашите соништа.

3. Уште сега почнете со првите чекори

Откако ќе направите план и ќе разберете кои се вашите цели, секако, следува акција. Во текот на оваа фаза, сè можете да претворите во ваша корист. Доколку сакате да се храните поздраво и да изгубите или да добиете некој килограм, веќе можете да почнете да се придржувате до мали навики кои ќе ве доближат до целта. Ако сакате да научите странски јазик, преземете ја апликацијата или гледајте видеа на Јутуб за почетници. Овие едноставни трикови ќе ви помогнат да ја започнете есента полни со мотивација и желба за успех.

4. Организирајте ги плакарите

Никогаш не потценувајте ја моќта на добро организираниот плакар! Дури и ако изгледа како мал чекор, организираната гардероба може да направи чуда кога станува збор за вашето расположение и продуктивност. Замислете само колку време ќе заштедите ако имате сè при рака! Одвојте неколку часа во текот на викендот за да ја средите облеката што ја имате. Чувајте ги вашите омилени парчиња облека и донирајте или рециклирајте го остатокот. Чувајте ја вашата облека по категории, за секогаш да знаете каде да најдете одредени парчиња.

Откако прочитавте за работите кои треба да ги направите во текот на оваа лето доколку сакате да бидете поуспешни во есента, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие 5 едноставни навики за зголемување на продуктивноста и намалување на стресот.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар