3-те хороскопски знаци за кој септември ќе биде многу тежок

3-те хороскопски знаци за кој септември ќе биде многу тежок

Изгледа дека септември ќе донесе големи потешкотии кога станува збор за овие знаци. Тие ќе мора да ја најдат својата внатрешна сила и да се изборат за она што им е потребно. Па, ако се пронајдете на оваа листа внимавајте, бидејќи нештата нема да се одвиваат онака како што сте замислувале.

1. Рак

Земете длабоко воздух! Првата половина од месецот нема да ви биде толку предизвикувачка како втората. Сонцето, Меркур и Венера ќе ја растресат вашата четврта куќа на домот и најдлабоките чувства и тоа ќе трае во текот на целиот месец, па може одеднаш да почнете да се прашувате дали треба да ѝ верувате на интуицијата. Но, сепак, треба да го следите својот внатрешен глас! Бидејќи и ова ќе помине а вие најдобро знаете што ви треба…

2. Стрелец

Време е да почнете со работа! Месецов ќе имате доста проблеми во професионалниот живот, но нештата полека ќе почнат да се менуваат на подобро со почетокот на сезоната на Вагата. Вие ќе бидете под големо влијание од комбинацијата на Јупитер и Нептун, па затоа и мора да научите како да бидете понежни со себе и да не се критикувате толку.

3. Риби

Вие сте енигма! Ова е особено вистинито за сезоната на Вагата, со оглед на тоа дека Сонцето ќе ја активира вашата осма куќа на сексот, интимните врски, заедничките патувања и трансформацијата. Полната месечина исто така ќе има влијание на вас, па вие ќе бидете многу поанксиозни од вообичаено. Најдоброто нешто што ќе излезе од овој период е што ќе се преиспитате себеси и ќе дознаете многу за тоа што навистина го сакате.

Прочитајте и за кои 4 хороскопски знаци септември ќе биде најдобриот месец во годината!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар