15 одлични апликации што ќе ве направат попродуктивни

Повеќето од нас знаат како изгледа зависноста од смартфоните. Научниците докажале дека нашата продуктивност се намалува поради поминувањето премногу време со нашите електронски направи. Но, овие апликации ќе ви помогнат да се ослободите од оваа зависност и паметно да го искористите вашето време.

1. CloudCal

15 одлични апликации што ќе ве направат попродуктивни

Оваа апликација е бесплатен календар што ги комбинира календарите од Google и Outlock на едно место. Ви дава преглед за настаните и задачите од Фејсбук, Evernote, Trello, Meetup и Eventbrite. Апликацијата е достапна за Android.

2. TeamViewer

15 одлични апликации што ќе ве направат попродуктивни

Оваа апликација е најпопуларна за контрола на компјутерите и мобилните направи. Дали имате работа, а не можете да одите до канцеларијата? Дали имате некаков проблем со компјутерот? Оваа апликација веднаш ќе најде некој што ќе ви го реши проблемот. Достапна е за iOS, Android и Windows.

3. Google Keep

15 одлични апликации што ќе ве направат попродуктивни

Апликацијата е дизајнирана за правење потсетници. Нема шанси да заборавите нешто со оваа апликација. Има неколку предности – можете да ѝ диктирате, да ги средувате потсетниците по боја, да додадете скениран текст, па дури и да ги споделите со пријателите и семејството. Достапна е за iOS, Android и Windows.

4. Headspace

15 одлични апликации што ќе ве направат попродуктивни

Од кога планирате да медитирате барем 10 минути дневно? Оваа апликација ќе ви помогне во тоа. Сè што ви е потребно е вашиот смартфон и слушалки. Апликацијата ќе ве води низ медитацијата преку цртани, видео и аудио снимки. Достапна е за iOS и Android.

5. Pocket

15 одлични апликации што ќе ве направат попродуктивни

Ако постојано наоѓате интересни текстови и ги губите, оваа апликација е за вас. Со нејзина помош можете да ги зачувате омилените текстови за подоцна. Апликацијата е архива за материјали за читање. Можете да пребарувате со користење хаштаг. Достапна е за iOS, Android и Windows.

Продолжува на следната страница…

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар