Како изгледа производството на чоколадо?

Дом Рамзи од Лондон произведува чоколадо и решил да сподели како изгледа целиот процес. Речиси целото чоколадо во светот е произведено во огромни фабрики од 4 или 5 големи компании. Сепак постои движење каде што страсните љубители на чоколадо го прават „од зрно до чоколадо“. Еве како изгледа тој процес.

Како изгледа производството на чоколадо?

Овој цвет е почетокот на секое чоколадо што сте го изеле. Расте директно на стеблото и големите гранки на какао дрвото. Фотографијата е направена во Хаваи, единственото место во САД каде што се одгледуваат какао дрва.

Како изгледа производството на чоколадо?

На оваа фотографија се гледаат плодовите какао кои растат од големите гранки на дрвото.

Како изгледа производството на чоколадо?

Плодовите имаат неколку бои. Причината се мали генетски разлики во какаото.

Како изгледа производството на чоколадо?

Во секој плод има од 25 до 40 зрна какао.

Како изгледа производството на чоколадо?

Зрната се обвиткани со слатка бела пулпа.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар